Во годинава што изминува имаше многу поголеми и помали падови во македонската, на моменти, налудничава реалност. Но еден голем пад, како да беше оставен за крај, за онака тивко, низ сувопарни бројки, да ѝ се испорача на јавноста без притоа некој да ги споредува, анализира, оценува… Барем не некој од повиканите. Негативниот природен прираст на населението, кој првпат е остварен во првите девет месеци од годинава, заедно со веќе подолг период присутното масовно иселување на населението, како да не заслужил ниту една прес-конференција, ниту еден осврт, дебата, најава за некакви мерки…
Паднаа маските, паднаа илузиите…, безмалку падна и Владата (со оглед на политичкиот договор за техничка влада и избори во април). Во годинава што изминува имаше многу поголеми и помали падови во македонската, на моменти, налудничава реалност. Но еден голем пад, како да беше оставен за крај, за онака тивко, низ сувопарни бројки, да ѝ се испорача на јавноста без притоа некој да ги споредува, анализира, оценува… Барем не некој од повиканите.
Негативниот природен прираст на населението, кој првпат е остварен во првите девет месеци од годинава, заедно со веќе подолг период присутното масовно иселување на населението, како да не заслужил ниту една прес-конференција, ниту еден осврт, дебата, најава за некакви мерки…, за разлика од многубројните обраќања до јавноста и јавни полемики за наводно исчезнати чанти со украдени пари, разни следења и прислушувања, па сѐ до здравствените билтени на осомничените и обвинетите за наведените дела и лицитирањата со имињата на кандидатите за технички министри што по Нова година би требало да заседнат во Владата.
Тоа што Македонија доцни зад соседните земји во однос на падот на природниот прираст, не е воопшто за утеха. Исто како ни тоа што, засега, станува збор за не толку страшни бројки, како во некои земји. Но тенденцијата е тука, а бројките, сепак, се доволно сериозни за да се сфатат како официјално навлегување во фазата на демографска катастрофа, а со очигледната пасивност и незаинтересираност на надлежните, дури и во демографски суфицит. Причините за упорното одбивање да се соочат со вистината во однос на депопулацијата, што очигледно го практикуваа сите влади во изминативе две децении, пред сѐ, со постојаното одложување на пописот на населението, а потоа и со непреземање соодветни мерки за запирање или, барем, за ублажување на негативните трендови, се нешто за што посебно треба да се дискутира. Наивно би било да се верува оти од бројките се бега само од политички мотиви, за потребите на соодветната и несоодветната пропорционална застапеност одредени етнички заедници во структурите на власта и во јавните служби. Тоа особено, откога веќе се потврдија голем број манипулации со изјаснувањата за национална припадност на конкурсите за разни стипендии, работни места, функции…, па дури и при пребројувањата за таканареченото Бадинтерово мнозинство во парламентот. Веќе одамна е јасно дека претставниците на крајно спротивставените политички структури и без многу пребројувања, лесно се договараат кога треба да се подели некое многу сласно парче. Ако им е малку едно, ќе порачаат уште едно, само сите да се задоволени. Така, меѓу другото, се востановени стипендиите со вртоглави парични износи, фантомските работни места, неброени управи, дирекции, агенции, заводи, одводи…
Тоа што Македонија доцни зад соседните земји во однос на падот на природниот прираст, не е воопшто за утеха. Исто како ни тоа што, засега, станува збор за не толку страшни бројки, како во некои земји. Но тенденцијата е тука, а бројките, сепак, се доволно сериозни за да се сфатат како официјално навлегување во фазата на демографска катастрофа, а со очигледната пасивност и незаинтересираност на надлежните, дури и во демографски суфицит. Причините за упорното одбивање да се соочат со вистината во однос на депопулацијата што, очигледно, го практикуваа сите влади во изминативе две децении, пред сѐ, со постојаното одложување на пописот на населението, а потоа и со непреземање соодветни мерки за запирање или, барем, за ублажување на негативните трендови, се нешто за што посебно треба да се дискутира
Како и да е, луѓето, колку и да се преценети или обезвреднети, сепак, ќе се појават во некое салдо, така што, по сѐ изгледа, за одредени центри на моќ во оваа земја има нешто многу повредно од луѓето, што не би требало да се книжи ниту на приходната ниту на расходната страна. Можеби тоа се нечии станбени квадрати и други недвижнини, несразмерно многубројни во однос на нивните приходи, зашто и тоа би требало да биде предмет на попис. Не мора да е токму тоа, но мотивот сигурно е многу силен штом пописот толку упорно се одолжува, а на Македонија ѝ се наметнува имиџ на единствената држава во Европа и една од двете членки на Обединетите нации во кои со децении не може да се организира ниту една вообичаена статистичка операција.
И доколку проблемот беше само во таквата меѓународна репутација, лесно ќе се носевме со него. На внатрешен план, тој е многу поголем, колосален. Не само од аспект на демографијата туку и на економијата, образованието, здравството…, и конечно, зошто не и на нашата неверна животна придружничка – политиката, која недозволиво дрско ја грабна оваа статистичка операција безобѕирно манипулирајќи со неа за свои потреби, лишувајќи ги притоа сите други столбови на општеството од можноста да ја согледаат фактичката состојба и врз основа на тоа да ги дефинираат и градат своите политики, развојни програми, краткорочни и долгорочни стратегии и визии. Какви образовни и здравствени капацитети се потребни и како просторно тие да бидат распоредени, ќе има ли или ќе нема работна сила и какви се нејзините движења и структура, каква инфраструктура е потребна и каде треба да се гради таа, се само некои од многубројните прашања на кои не можат да се најдат прецизни одговори поради немање реална слика за моменталната состојба на популацијата.
Кој било што настојува да ја увери јавноста оти е сериозен во намерата да ја води, и да ја одведе до некаде оваа држава, пред сѐ, би требалo да го организира и спроведе пописот, без оглед на тоа колку поразителни резултати можат да се очекуваат и без оглед на евентуалните политички жртви.