Вие сте антиевропа (1)

(Отворено до Јоханес Хан и Фредерика Могерини)

„Каков прекрасен ден. Човек не знае дали да пие чај или да се самоубие“. Така го почнува, почитувани Јоханес Хан и Фредерика Могерини, Антон Павлович Чехов својот расказ „Тој прекрасен ден“. И не обвинувајте ме дека веднаш на почетокот ви лепам етикета на антиевропејци. Ќе објаснам. Можеби ќе ви биде малку незгодно, но мора да се соочите со вистината, која, според Ниче, може да се надмине само со уметност. Не и со религија. А вие, ми се чини, сте далеку и од едното и од другото. Почнав со Чехов. Прашувате зошто? Затоа што неговата дилема претпоставува избор во „прекрасниот ден“, кој вие, политбирократите од Брисел, „прекрасно“ им го нудите на Македонците. А изборот, како што вели и Сартр, е слобода, односно основен услов за неа. Но вие, бриселска политгоспода, не ни го дозволувате него нам. Во равенката за слобода на изборот на рускиот писател вие ни го одредувате него. Наместо да го направиме тоа како слободни луѓе, а не како ваши робови ние. Така, наместо чај, ни нудите самоубиство. И таа и таквата понуда на Вавилонската Дама Европа ни е ставена на располагање веќе повеќе од столетие и половина. Европа, која денес божем обединета, е пак прост збир од нејзините стари колонијалистички моќници: Англија, Франција, Германија, Холандија. Шпанија и Португалија се во длабока заднина, како некој вид, гогољевски речено, затантени провинции. Италија исто така. Денес во наравно обединета Европа, Чешка, Унгарија, Словенија, Хрватска, Бугарија и преостанатите се само маска за покритие на европскиот хуманитарен хуманизам од типот нафта за храна и лекови со поминат рок. Толку и ништо друго.

Тоа и така приближно е, како што велат пред сè некои француски филозофи, современата постмодерна слика на Европа. Или, како што вели Бодријар (пак Французин), симулакрум што имитира демократија и цивилизациски вредности многу повеќе отколку што ги има. Постојат, господине Хан и госпоѓо Могерини, благодарение и на вас, бриселските политбирократи, многу примери и обрасци за да се илустрира тоа сега. Најеклатантниот на тој план е европскиот однос кон мојата родна Македонија, која вие од Брисел, како да не ѝ се доста долгите историски мартирства, еве, почнувајќи од 1990-та наваму, катадневно како великомаченик ја подготвувавте за ново губилиште неа. Сега во улога на инквизиција и инквизитори ја искушувавте и положувавте на сите ваши семожни „цивилизациски“ справи за измачување, под изговор на добротвори што неа треба да ја цивилизирате и внесете во рајската градина на западниот демократски либералкапитализам. И така, во таа „хуманистичка“ намера од дивото да создадете питомо, а од варварското цивилизирано, вие, бриселските политбирократски Европејци, ги употребивте сите перфидни механизми на вашиот софистициран до репресивност политички систем за бескрупулозен притисок на малите и сиромашните.

Има тука безброј факти за илустрација имено на примерот со Македонија. А сè почна убаво, со чај што требаше да нè залаже за подоцна да нè воведе и доведе (и понатаму ја користам метафората на Чехов) до чинот на идентитетско самоубиство под надзор и директива на Брисел, а во спрега со премиерот од Муртино и неговата квислиншка влада. Почна, да не должам со чајот на елегантниот француски правен експерт Робер Бадинтер, кој од југословенските републики ги оцени како единствено исправни за влез во ЕУ само Словенија и Македонија. Но тоа кон нас беше само една перфидност, сосема карактеристична за француската политика кон Македонија. Одамна. Таа перфидност нешто пред референдумот јасно ја демонстрира и францускиот амбасадор во Скопје, месје Тимоние, кој ни порача дека нашиот референдумски избор е некаков вид избор меѓу Северна Кореја и Северна Македонија. Мошне инвентивно. Амбасадорот нè заплашува со од Западот омразената азиска република. Омразена затоа што произведувала атомско оружје. Мајката. Како да е тоа од Господ дадено право само на моќните западни силници. Па, и Македонија ако имаше како Северна Кореја една атомска бомба, на пример, прашање е дали Брисел, Вашингтон и Атина ќе ја изведеа толку лесно под идентитетска гилотина неа. Нели, месје, ваша екселенцијо Тимоние?

Туку се оддалечивме од Бадинтер. Што стана со него? Во ЕУ од неговата препорака влезе само Словенија, но не и Македонија, за која започна одот по маките кон „цивилизациската“ голгота на Европа. Уште повеќе, францускиот правен експерт, кому за малку ќе му креневме паметник, ни го зачука оној, именуван според него, Бадинтеров закон со кој се суспендира демократското владеење на мнозинството. Нешто што денес можеби нема да го најдеме ни кај некои домородни племиња во Африка или Амазонија. А всушност тој закон беше стокмен само за едно агресивно малцинство, на кое ни денес не му го знаеме точниот процент, бидејќи избегнува попис, но бриселска Европа него го фиксира на 20 проценти и му стокми европска Бадинтерова „демократска“ рамка. Така, господине Хан и госпоѓо Могерини. Набргу потоа се покажа дека вие и Вашингтон ќе го користите максимално тоа малцинство како менгеме за притисок на Македонците. Но, се разбира, и на Србите. По потреба и на некои други, најмногу и за задоволување на „американските интереси“ тука, лозинка по која како некаков вид пеколна деус екс махина планетарно дејствува таа. Машината на сега за сега сè уште најмоќната (?) империја на светот во облик на модерно софистицирано варварство.

Да. А што се однесува, пак, на Бадинтеровиот правен изум за Македонија од кој колатерална штета е мнозинството, Македонците, јас би го прашал Бадинтер, почитувани Ханс и Могерини, зошто кога е толку идеален тој него не го стокми и во Франција за Арапите, на пример? А? А потоа, се разбира, него не го извезе и во Германија за Турците, кои ги има цели три милиони, па и во Англија за африканските Црнци, Пакистанците и Индијците во неа. Потоа, оттаму нека замине во Холандија итн. Тоа беше почетокот на ЕУ-инквизицијата врз Македонија и Македонците како новите Евреи на Европа што треба да се тргнат како идентитет од сцената на оваа морално распадната цивилизација. За таа цел беше и донесена фашизоидната Лисабонска декларација (1993), со која ни се забранува вклучување во модерните цивилизациски текови под сопственото автентично историско име. Беше брутално стопирана Гоцевата космополитска мисија за „светот како поле за културен натпревар меѓу народите“. Не. Тоа Брисел и Вашингтон не им го дозволуваат на Македонците. Веројатно, имено, за таа цел и беа чистени тие со англиските бомбардери на Черчил од Егејска Македонија во 1948-та, кога мислевме дека е победен европскиот фашизам, а тој, глеј парадокс, утредента воскреснува од антифашистите. Исто како што се случи и со Американците со атомските бомби што ги фрлија врз Хирошима и Нагасаки (1945) кога војната беше целосно добиена. Тоа, почитувани Ханс и Могерини.

Значи, првин беше Бадинтер со неговиот притискачки закон, а набргу потоа бриселска ЕУ се сети и на моќниот притискач за Македонија и Македонците, Атина. Европа наеднаш силно се сети на својот божем антички цивилизациски „извор“ Стара Грција и моќно ја реактивира тезата-фалсификат на Германецот Дројзен за сегрчки цивилизациски примат врз Вавилонската Дама. Проработи во полн интензитет синдромот на „грчката вреќа“ (Д.Х. Лоренс), во која, како што вели одличниот англиски романсиер, Европа по инерција трупа сè во неа. Сега и Античка Македонија. Да. Ама некако тешко оди тоа. Сè почна, за да се засити „грчката вреќа“ најпрвин со притисок за промена на Уставот, а потоа и за елиминација на древното македонско знаме со шеснаесетзрачното сонце од Кутлеш, по испробан геноциден софистициран метод на Западот, со бришење на идентитетските симболи и знаци. Најефикасен и, како што мислат западните „мајстори на смртта“ (П. Целан), најбезболен метод на идентитетска ликвидација и акултурација на еден народ. Нели, почитуван Ханс и Могерини? Ако не ми верувате мене, ве упатувам на двотомната студија на таа тема на одличниот француски антрополог Луј Вансен Тома „Антропологија на смртта“.

Во неа тој микроскопски прецизно ги опишува до детаљ сите идентитетски геноциди на западната картезијанска цивилизација, која божем се раководи според начелото на Декарт „мислам значи постојам“. Но, според акрибичната анализа на францускиот антрополог на нејзините идентитетски геноцидни проекти, проследени и со физичко тормозење, па и терор низ планетата Земја, ние можеме да заклучиме не само дека таа не мисли како ингениозниот научник и хуманист туку и дека не чувствува во правец на неговиот хуманизам. Напротив. Таа целосно раскрстила со тоа, продавајќи си ја душата на Сатаната. Нејзин архесимбол за тоа е Фауст, тема од која и Гете (во Германија) и Марлоу (во Англија) создадоа генијални драмски дела. Дела-огледала за европската морална и етичка трагедија. Но тој Фауст кај Гете и Марлоу барем имаше некоја добра трампа за продажбата на душата: заситување на неговата жед за наука и знаење, плус сензуална наслада за која колатерална штета е убавата Маргарита. А оваа Европа, каква што ја гледаме денес, почитувани Хан и Могерини, не е ни тоа. Неа не ја интересираат духовни вредности, ни здрава сензуална наслада, бидејќи ги промовира како модерен Содом и Гомор (и бетер), педерските и лезбејските наспроти здравите од Господ дадени сексуални, етички и морални семејни вредности. Оние што и во нејзината патолошки омилена Античка Грција биле на сцена, за што изобилно сведочи и археологијата.

Едиповиот, фројдовски речено, комплекс кон Грција е екстремно патолошки. Во тој контекст Европа речиси и не го спомнува јудеохристијанскиот извор и царски печат на нејзината современа цивилизација, на што толку многу, со право, инсистира Томас Ман.

(продолжува)