За стресот и како да се измери

Стресот, исто така, влијае на желбата за работа, перформансите на работа и општиот став кон животот. Во рамките на индустрискиот сектор, повисоките нивоа на стрес и болестите поврзани со стресот доведуваат до намалување на перформансите на компанијата и зголемување на медицинските трошоци. Во тој контекст, стресот е поврзан со 75 отсто од сите срцеви и мозочни удари. Оттука, очигледно е дека стресот може да ги зголеми социјалните и економските загуби и да ја намали конкурентноста на земјата. Затоа, мерките на претпазливост за намалување на стресот и соодветното управување со оваа состојба се од суштинско значење и за индивидуалното здравје, но и за благосостојбата на општеството на пошироко ниво

Многу луѓе страдаат од стрес во секојдневниот живот. Иако постои тесна врска меѓу стресот и менталното здравје, психолошкиот стрес и поврзаните емоции како што се лутина, анксиозност и депресија може да имаат ефекти и врз физичкото здравје. Всушност, хроничниот психолошки стрес може да ја промени реакцијата на централно-периферните регулаторни системи, потенцијално правејќи ги помалку ефикасни или приспособливи во однос на поддршката на здравјето. Утврдено е дека состојби како што се хроничен стрес, депресија и анксиозност се поврзани со абнормално функционирање на автономниот нервен систем (AНС). Според тоа, стресот е еден од главните фактори што придонесуваат за хронични нарушувања.

Стресот, исто така, влијае на желбата за работа, перформансите на работа и општиот став кон животот. Во рамките на индустрискиот сектор, повисоките нивоа на стрес и болестите поврзани со стресот доведуваат до намалување на перформансите на компанијата и зголемување на медицинските трошоци. Во тој контекст, стресот е поврзан со 75 отсто од сите срцеви и мозочни удари. Оттука, очигледно е дека стресот може да ги зголеми социјалните и економските загуби и да ја намали конкурентноста на земјата. Затоа, мерките на претпазливост за намалување на стресот и соодветното управување со оваа состојба се од суштинско значење и за индивидуалното здравје, но и за благосостојбата на општеството на пошироко ниво.

Постојат многу биосигнални канали преку кои стресот може да се квантифицира, вклучувајќи ЕКГ, ЕЕГ и одговор на спроводливоста на кожата. Сепак, одредувањето на нивото на стрес кај која било дадена индивидуа може да биде тешко. Поврзано со ова е дебатата за степенот до кој ЕЕГ може да се користи за сигурно мерење на стресот. Сепак, постојат податоци што покажуваат дека постојат значајни корелации помеѓу ЕЕГ-сигналите и другите индекси на стрес, вклучувајќи ги ЕКГ и плунковниот кортизол.

Човечкиот нервен систем е многу сложен и содржи два главни дела: централен и периферен. Периферниот нервен систем го вклучува АНС, кој има посебна
поврзаност со негативни психолошки состојби како што се стрес, анксиозност и депресија. АНС извршува и регулира автоматски телесни функции поврзани со дишењето, пулсот, варењето и хормоналниот систем. Самиот АНС има два дела: симпатичен и парасимпатичен.

Нормално се одржува рамнотежа помеѓу активностите на симпатичкиот и парасимпатичкиот нервен систем. Симпатичкиот и парасимпатичкиот нервен систем го иницираат одговорот на стрес и релаксација, соодветно спрема потребите. Хроничниот стрес може да го наруши овој баланс и со тоа да предизвика здравствени проблеми поврзани со стрес.

Кога некој е изложен на физички или психолошки стресор, мозокот иницира стрес-одговор, од кој произлегуваат низа хемиски реакции. Одговорот на стрес е здрав одбранбен механизам и вклучува ослободување хормони што имаат голем број биохемиски и физиолошки ефекти. Сепак, континуираното ослободување на овие хормони под услови на хроничен стрес може да има штетни ефекти врз здравјето.
Всушност, хормоналниот одговор поврзан со долготрајниот стрес го зголемува ризикот од многу болести, вклучувајќи срцеви заболувања, мозочен удар и ангина пекторис. Хормоните на стрес можат да го ослабат имунолошкиот систем и со тоа да ја зголемат ранливоста кон инфекции. Хормоните на стрес, исто така, предизвикуваат зголемување на крвниот притисок, срцевиот ритам и дишењето и го зголемуваат ризикот од мозочен удар, срцев удар и заболувања на бубрезите.

Познато е дека когнитивните и физиолошките процеси на централниот нервен систем (ЦНС) поврзани со стресот влијаат на повеќето органи на човечкото тело.
Реакцијата на стрес вклучува активирање регулаторни центри во ЦНС што ја стимулираат и оската хипоталамо-хипофиза-надбубрежна жлезда (ХПА) и АНС.
Оската ХПА е еден од главните системи вклучени во реакцијата на стрес. Таа олеснува адаптација на промените во внатрешните или надворешните услови на телото.

Реакцијата на стрес вклучува централни и периферни промени, кои се координирани од ЦНС. Ослободувањето глукокортикоиди (ГК), како што е кортизолот, е контролирано од паравентрикуларното јадро на хипоталамусот, во кое парвоцелуларните неврони синтетизираат и ослободуваат кортикотропин ослободувачки хормон (ЦРХ) како одговор на стрес. Овие неврони лачат и други хормони, вклучувајќи аргинин вазопресин. Комбинираните дејства на аргинин вазопресин и ЦРХ ја активираат оската ХПА. Ослободувањето ЦРХ во порталниот систем на хипофизата ја поттикнува хипофизата да ослободува адренокортикотропен хормон (ACTH), што, пак, го поттикнува ослободувањето ГК од кората на надбубрежните жлезди. ГК вршат негативна повратна врска врз хипоталамусот и хипофизата што служи за прекинување на одговорот на стрес кога повеќе не е потребен, со што се спречуваат прекумерни одговори. ГК се вклучени во многу аспекти на одговорот на стрес. Тие го олеснуваат адаптирањето на телото кон променливите услови преку регулирање на енергетските резерви, инхибирање на неесенцијалната физиолошка активност и промовирање бихејвиорални одговори на стимули што се перципираат како стресни.

Реакцијата на стрес може да се мери и да се оценува во однос на перцептивни, бихејвиорални и физички реакции. Евалуацијата на перцептивните реакции на стресорот вклучува субјективни процени и перцепции. Всушност, прашалниците за самооценување се еден од најчестите инструменти што се користат за мерење на нивото на стрес кај поединецот. Голем број прашалници се користат во клиничката пракса и психијатриските истражувања за евалуација на стресот, вклучувајќи ги Скалата за перципиран стрес (ПСС), Инвентарот за животни настани и справување (ЛЕЦИ) и Инвентарот за одговор на стрес (СРИ).

Физичкиот одговор на стрес има две компоненти: физиолошки одговор што укажува на централно-автономна активност и биохемиски одговор што вклучува промени во ендокриниот и имунолошкиот систем.

Стресот предизвикува промени во автономната функција и лачењето хормони што вклучуваат кортизол, кортикостерон и адренални катехоламини.
Присуството на стрес-хормони како што се адреналин, норадреналин и кортизол може да се смета за показател за реакција на стрес. Некои студии покажаа дека повторената изложеност на интензивен стрес го зголемува лачењето кортизол.

Нивото на кортизол може да се мери во голем број телесни течности, вклучувајќи серум, урина и плунка. Постои дневен циклус на нивоата на кортизол, кои нормално се високи наутро и ниски навечер. Сепак, повторената изложеност на стрес ја намалува способноста за регулирање на нивоата на кортизол, што доведува до покачено ниво, кое останува високо ноќе. Покажано е дека постојат врски помеѓу нивоата на плунковниот кортизол и физиолошките варијабли што се користат за процена на стресот, вклучувајќи ХРВ, температура на кожата, крвен притисок (БП), срцев ритам (ХР) и галвански одговор на кожата (ГСР).

Соодветно на тоа, плунковниот кортизол рутински се користи како биомаркер на психолошки стрес и придружни ментални или физички болести. Изложеноста на долготрајни стресори често резултира со зголемени нивоа на кортизол. Всушност, плунковниот кортизол генерално се смета за сигурна мерка за адаптацијата на ХПА на стрес.

Стресот предизвикува промена во автономното функционирање. Крвниот притисок и срцевиот ритам се зголемуваат за време на стрес, што одразува доминација на симпатичката активност на нервниот систем. ХРВ е варијација во отчукувањата во срцевиот ритам, а неодамна се користи како биомаркер на активноста на АНС поврзана со ментален стрес. Анализата на ХРВ во временски домен вклучува квантификација на средната вредност или стандардната девијација на РР-интервалите. Анализата на фреквентниот домен вклучува пресметување на моќноста на компонентите на ХРВ со висока и ниска фреквенција, кои зависат од дишењето.
Додека високата фреквенција е посредувана од вагална активност, се претпоставува дека ниската фреквенција првенствено ја одразува симпатичката модулација. Многу студии истражувале абнормалности во функционирањето на АНС поврзани со стрес, со ХРВ како една од мерките за кои е покажано дека се засегнати. Се наведува дека менталниот стрес предизвикува намалување на компонентата со висока фреквенција и зголемување на компонентата со ниска фреквенција на ХРВ.

Докажано е дека стресот на работното место предизвикува прекумерни нивоа на симпатоадренална активација, што доведува до зголемување на крвниот притисок и срцевиот ритам, лачење катехоламини и ослободување липиди и гликоза во крвотокот. Абнормалностите во функционирањето на АНС што вклучуваат намален ХРВ се поврзани со ментален стрес во лабораториски експерименти. Покрај тоа, кај испитаници со депресија е пронајден ХРВ понизок од нормалниот,
Како се лекува стресот?

Несаканите ефекти и непријатностите поврзани со долготрајната употреба на лекови го олесниле интересот за алтернативни терапии и саморегулација за одржување на здравјето.

Алтернативните терапии како што се јогата или медитацијата се широко користени за справување со стресот. Овие терапии предизвикуваат релаксација или го намалуваат психофизиолошкото возбудување со намалување на активностите на симпатичкиот нервен систем. Друг терапевтски пристап вклучува биофидбек, во кој се регулираат променливите на АНС како што се срцевиот ритам, крвниот притисок, спроводливоста на кожата и температурата. Биофидбекот се применува кај ментални заболувања како што се анксиозност и депресија и кај психосоматски заболувања како што се мигрена, тензиска главоболка и хиперпиезија. Неврофидбекот е биофидбек што користи мозочни бранови и има специфични примени за мозочни заболувања и придружни симптоми. Има многу неодамнешни студии во врска со корисноста на неврофидбекот во клиничката медицина. Состојбите за кои неврофидбекот е најинтензивно користен вклучуваат алкохолизам, епилепсија, АДХД, повреда на мозокот и нарушувања на расположението. Во поопшта смисла, докажано е дека неврофидбекот ги подобрува концентрацијата, меморијата и музичките перформанси.

За да се применува биофидбек, а особено неврофидбек, неопходни се специјална едукација и апаратура. Аматерските примени можат да бидат многу штетни.
Според тоа, стресот со денешните технологии може да се мери, а соодветно на показателите да се најде соодветно лекување. Сето тоа е неопходно за да се спречат хронични ментални и физички заболувања.