Скапани плодови на демократијата на ЕУ

Истрагите сè уште траат по шокантното апсење европратеник што ги олицетворуваше „храброто и убавото“ на европската демократија. Ева Каили имаше сè: најмладиот кандидат на грчките национални избори, најмладиот европратеник од нејзината партија ПАСОК, добитник на наградите на ЕП за нови технологии за 2018 година, поддржувајќи го имиџот на вреден и слободоумен политичар. За нејзината иднина, небото беше граница.
Сепак, благодарение на еден белгиски судија, сега разбираме дека таа била дел од гнилиот систем на корупција во кој се вклучени политичари и невладини организации – кои очигледно биле ангажирани. Особено загрижувачки е тоа што екосистемот процвета во главната проевропска политичка групација, социјалистите и демократите, во која беа вклучени европратеници и политичари од основачките членки на ЕУ, како што се Италија и Белгија. Уште пошокантно е тоа што социјалистите, кои вообичаено ги предводат работничките права, беа ангажирани да ја обезличат имиџот на Катар, извалкан од обвинувањата за ропска работа во контекст на тековното Светско фудбалско првенство.
Како што соопшти белгиското биро за борба против корупцијата задолжено за истрагата, овие луѓе биле на „стратегиски позиции“: поранешен италијански европратеник што – можеби иронично – води невладина организација наречена „Борба против неказнивоста“, генерален секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУЦ), италијански академик, директор на НВО „Нема мир без правда“, и низа европратеници што учествуваа во активностите организирани од невладините организации. Канцеларијата на најмалку еден од нив била претресена од белгиската полиција.
Наведените невладини организации како што се „Борба против неказнивоста“ и „Нема мир без правда“, регистрирани на истата адреса во Брисел, привлекоа големи имиња во нивните одбори, како што се Федерика Могерини, Бернар Казнев, Димитрис Аврамопулос или Ема Бонино. Тие сега молат да бидат избришани од соодветните веб-страници, но последниот пат кога проверивме, тие сè уште беа присутни.
Во канцеларијата на поранешниот европратеник Пјер-Антонио Панцери, шефот на „Борба против неказнивоста“, наводно биле пронајдени околу 500.000 евра во готовина.

Невладините организации како „Борба против неказнивоста“ го кренаа својот глас, меѓу другото, за ослободување од затвор на Карим Масимов, поранешниот шеф на тајните служби на поранешниот моќник на Казахстан, Нурсултан Назарбаев. Масимов беше обвинет за велепредавство за време на јануарските протести во Казахстан и оттогаш е во затвор.
Апсењето на Каили беше изненадување за пошироката јавност, но, очигледно, не и за нејзиното семејство. Нејзиниот татко бил фатен како го напушта својот дом во Брисел со куфер полн со готовина, додека нејзиниот партнер, италијански државјанин, кој работи како помошник на различни европратеници од 2009 година, наводно, бил клучен посредник и е меѓу четворицата приведени во Белгија. Иако не мора да биде кривично дело или конфликт на интереси, вреди да се истражи. Каили е и во советодавниот одбор на организацијата наречена „ЕЛОНТек“, или Европска правна опсерваторија за нови технологии, чиј извршен директор е нејзината сестра Мадалена Каили. Мадалена Каили организираше настани во Европскиот парламент и во Грција под покровителство на нејзината сестра.
Несомнено е дека Европскиот парламент има laissez-faire став кон семејните бизниси изградени околу европратениците. На пример, не постои заштита против член на семејството да основа невладина организација или здружение што би собрало средства од заинтересирана страна во замена за услуги за лобирање од соодветниот европратеник. Во секој случај, ако се направи прекршок, тешко дека ќе застане на суд без „зачадена пушка“. Како што видовме, парите се движат од рака во рака во ќесиња, а не преку банкарски трансфери, ниту пак останува трага на хартија.
Европскиот парламент сега има застрашувачка задача да гарантира дека „Катаргејт“ останува исклучок, а не правило според кое работат европратениците. Но да не заборавиме дека ова не е првпат европратеници да се купуваат од држави со помалку од ѕвездена репутација. Пералницата на Азербејџан увиде дека политичарите на ЕУ од парламентот и Парламентарното собрание на Советот на Европа може да се исплатат во замена за блескавите извештаи.

Спроведувањето на заштитните мерки е неопходно за да им се отежне на оние што сакаат да корумпираат, без разлика дали се тие од земјите од Заливот, Централна Азија, Русија, Кина или големите корпорации, да ги купат европратениците за кои гласавме. Јас лично гласав за белгиските социјалисти и сега се чувствувам изневерено.
Ќе беше полошо доколку овој скандал избувнеше пред европските избори. Има уште време до септември 2024 година да се трансформира актуелната криза во можност да се врати довербата во работата на европратениците. Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, има мамутска мисија што треба да ја исполни.

Георги Готев

(Еурактив.ком)