Резидентно население

За секоја земја, да не речам во Европа туку и во целиот свет, дефиниција за население во земјата е резидентното население. Сето тоа е добро објаснето во препораките, законот, методологијата и упатствата. Според овие официјални документи, не треба да има нејаснотии во податоците од пописот, односно дека тие важат за резидентно население. Ова сакам да го потврдам врз основа на тоа дека во пописот постои критичен момент, период на попишување, опфат на населението во земјата и надвор од земјата до одреден временски период, како и други критериуми. Едно треба да ни биде јасно на сите, дека еден (граѓанин, државјанин, жител и др.) може да живее каде било, да престојува во согласност со препораките, може да се опфати или брои само на едно место, во една општина и во една држава. Во спротивно, ќе имаме двојно или дупло население.
Така е постапено и при спроведувањето на нашиот попис спроведен
во септември 2021 година

Во подготвителниот период на пописот, да не речам речиси три години, имаше дадено дoволно објаснувања во разни форми и облици што значи пописот на населението, домаќинствата и становите. Целта беше да се стекне доверба кај јавноста како се вршат подготовките, како ќе се спроведе тој и кога ќе се објават податоците. Секако, јасно е и беше присутно од јавноста, познавачи на појавите, етничките заедници, политичките партии и други дека постојат забелешки, особено за законот, методологијата, одредени дефиниции, примената на меѓународните препораки донесени од ОН и Евростат, стандарди и други забелешки. Околу сето тоа се водеа дебати, дискусии, расправи и слично во разни форми. Истовремено се водеше дебата и во Собранието на Република Македонија, на комисии и на седница за донесување на Законот.
Во оваа насока, сакам да дадам согледување во однос на појавата околу кажувањата за тоа што е резидентно население, а и она што е наречено нерезидентно население.
Веднаш да кажам дека за секоја земја, да не речам во Европа туку и во целиот свет, дефиниција за население во земјата е резидентното население. Сето тоа е добро објаснето во препораките, законот, методологијата и упатствата.
Според овие официјални документи, не треба да има нејаснотии во податоците од пописот, односно дека тие важат за резидентно население. Ова сакам да го потврдам врз основа на тоа дека во пописот постои критичен момент, период на попишување, опфат на населението во земјата и надвор од земјата до одреден временски период, како и други критериуми.

Едно треба да ни биде јасно на сите, дека еден (граѓанин, државјанин, жител и др.) може да живее каде било, да престојува во согласност со препораките, може да се опфати или брои само на едно место, во една општина и во една држава. Во спротивно ќе имаме двојно или дупло население. Така е постапено и при спроведувањето на нашиот попис спроведен во септември 2021 година.
Истовремено, да напоменам дека резидентното население е податок што е основа за водење политики во земјата за творење на иднината. Впрочем, сите активности, пресметки, анализи и разни планирања се прават врз основа на резидентното население опфатено со пописот. Примери можат да се наведат колку сакате, а еве сега само неколку: колку има живородени деца во земјава, колку има умрени; колку ученици има во основно и средно образование, колку има студенти, колку има лекари по жител, колку има стоматолози по жител, колку има кревети во болници по жител, колку се вработени, колку се невработени, каков е БДП по жител, колку има посетители во кино, театар, колку има слободни работни места по жител, болни, ковид, проекти за инфраструктура, средства од меѓународни фондови и многу, многу други појави. Сето тоа е врз база на пресметките на резидентното население.
Во оваа насока би го додал и следново – сите живородени и умрени лица од нашава земја не се вклучени во појави во нашава земја во согласност со методологијата на Евростат, што покажува кое население се брои.

На појавите и кажувањата за вкупно население во земјава сметам дека е потребна поширока дебата од страна на предлагачите на Законот за попис, а особено на надлежната институција.
Се вели дека постои методологија за некои пресметки, но таа се менува како што се менува Уставот неколкупати, па да не набројувам илјадници закони и што не за подобрување на состојбите и во интерес на земјата.
Веројатно и сигурно може уште многу да се пишува и кажува, но во овој момент е доволно и ова, со препорака дека оставам повеќе простор на надлежните.

 

Aвтор: М-р Дончо Герасимовски

(Авторот е поранешен директор на Државниот завод за статистика и демографски аналитичар)

Фото: Игор Бансколиев