Следователно на тоа е што бројот на населението во селата се намалува кај оние што имаат до 499 жители. За разлика од нив се зголемува бројот на населението кај селата над 500 жители. Овие појави доведуваат до постојано зголемување на бројот на населението во градовите. Појавата на територијално ниво е таква, што како што се создаваат големи дупки во просторот на земјава на регионално ниво уште поголеми се на општинско. Зошто? Затоа што имаме појави во градовите да живее 91,6 отсто од населението во општината, а истите тие имаат по 30, 40, 50 и повеќе села. Прашањето
е каков развој очекуваме?
Благодарение на моите родители уште од мали години го засакав селото. Зошто? Затоа што уште како мал ме носеа во нивното село каде што се родени и од каде што сум јас по потекло. Меѓутоа, уште повеќе ја засакав земјава, а не само селата од студентски денови бидејќи со моите професори не само теоретски туку и практично многу ја запознав нашава земја. Она што го изучувавме во кабинетите на факултетот го согледуваваме на терен од антрополошки, геоморфолошки, климатолошки, хидролошки, геолошки, картографски, етнолошки, земјоделски аспект, практично преку разни истражувања. И затоа уште тогаш почнав да се занимавам со вакви анализи, а тоа е веќе да не речам долг временски период, со децении.
Меѓутоа, голем предизвик ми беше и тоа што самиот процес во работниот век и богатството со статистички податоци ми даваа поттик да почнам со анализи и пишувања на голем број, да речам, документи од различен вид. Еден од нив е, секако, и состојбата со населените места во земјава, односно селата, кои, за жал, бројчено во согласност со законот се зголемуваат, а со население се намалуваат, се испразнуваат и се раселуваат.
Пред дваесетина години говорев, односно и пишував како бројот на населението се намалува во земјава, а посебно по региони и општини. Но во тоа посебна е приказната со селата и затоа во една колумна од многубројните досега објавени под наслов „Македонското село пред исчезнување“ во весникот „Нова Македонија, објавена на 20.12.2018 година, ја анализирав и ја прикажав таа состојба со податоци од пописот спроведен во 2002 година. Тогаш напишав и кажав дека „е време за тревога кога е во прашање опстанокот на селата“.
Ако тогаш кажав така, што да кажам сега по новите и најсвежи податоци од пописот на населението спроведен во 2021 година. За нашава земја секако дека ја знаеме површината на сите нивоа (региони, општини, градови и села), знаеме колку населени места (градови и села) има во нив и знаеме за многу други податоци што ги има во истите тие. И, секако, дека тие не се исти насекаде ниту во минатото ниту пак денес, а сето тоа зависело од нивниот развој или колку внимание посветила државата.
Резултат на сето тоа е следното: од 1.783 населени места што постојат во земјава, според податоците од пописот, 205 села се раселени, што значи дека во нив нема население, а во дел има станови, и тоа 2.345, 218 села се со население до девет жители, а 684 се со население до 99 жители. Или во структурата на населените места нивното учество кај раселените е 11,6 отсто, до девет жители 12,2 отсто, а кај оние до 99 жители е 39 отсто. Тоа значи дека околу 50 отсто од селата се раселени и со население до 99 жители.
Во оваа насока не би сакал многу да правам анализи со бројки, туку само да ја отсликам состојбата и да дадам свое видување, мислење, предлози, сугестии како сето тоа би се подобрило, односно во натамошниот период би се одржувало.
Затоа податоците се потребни, и тоа, како на пример, од три села некогаш сега 205 се раселени, од 101 село до 99 жители сега се 684 или во овие две групи е најголемото зголемување на селата каде што состојбите се катастрофални и во иднина имајќи ги предвид селата со население со еден, двајца, тројца, четворица и до девет жители, кои се 218. Каква е иднината? Се очекува наскоро да имаме 500 раселени места или околу 40 отсто од селата во земјава. Следователно на тоа е што бројот на населението во селата се намалува кај оние што имаат до 499 жители. За разлика од нив се зголемува бројот на населението кај селата над 500 жители.
Овие појави доведуваат до постојано зголемување на бројот на населението во градовите. Појавата на територијално ниво е таква, што како што се создаваат големи дупки во просторот на земјава на регионално ниво уште поголеми се на општинско. Зошто? Затоа што имаме појави во градовите да живее 91,6 отсто од населението во општината, а истите тие имаат по 30, 40, 50 и повеќе села. Прашање е каков развој очекуваме. И во поголем број општини имаме над 70 отсто градови со население над 60 отсто. Длабинските анализи покажуваат многу појави од аспект на површината на општината, бројот на населените места, раселените села, малите села што предизвикуваат големо влијание за преземање итни мерки и активности, а во согласност со низата закони и надлежни институции што се одговорни за состојбите, како и за нивниот развој.
За ова се потребни време, напор, стручност, посветеност, ангажираност, и тоа би траело подолг временски период. Тоа значи дека сега немаме време да ги бараме причините за овие појави, туку е потребно ангажирање како да го спречиме овој процес на раселување.
Но да не го заборавиме и тоа дека ако се направи компаративна анализа со соседните земји појавите исто така се слични, но истите тие се активираат и преземаат одредени мерки и активности преку разни стратегии, измени во закони, барање меѓународна помош. И не случајно имаат и министерства за овие прашања, кои бараат институционална соработка, тесна поврзаност, како и заедничка одговорност.
Како пример за преземање мерки и активности со состојбата на населението во соседна Србија, каде што демографските состојби не се поволни, постои Министерство за популација, иселеништво, развој итн., а мерките се со цели и стратегии, па затоа Владата на Србија за 2023 година објави два важни приоритета, и тоа за животна средина и за демографија. Покрај тоа, за истите тие постојат и стратегии, акциони планови и други документи.
Покрај сите тековни активности и состојби и во нашата земја се прават одредени напори и се преземаат одредени активности, меѓутоа тие треба да бидат понагласени, со одговорност, стручност, знаење, искуство, со компетентни лица и експерти или, како што постојано се вели, прави луѓе на прави места, а не по други основи како што се случаите кај нас, без сега да се анализираат истите тие.
Автор e Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика и демографски аналитичар.