Проблемот на Сизиф ако е на рамно

Деветте души на душата

1. Х’Т (КХТ) = физичка душа (се подразбира за народот Мисир)
2. С’Х (САХ) = духовно тело (се претставува како силуета на човек)
3. Ј’Б (ИБ) = срце-душа (има хиероглиф како глава на бик со топка над главата)
4. К (КА) = витална суштина (има хиероглиф – раце поврзани како П наопаку)
5. Б (БА) = личност-душа (ознака гулаб со човечка глава (види кај Корнелиус))
6. Ш’Т (ШАТ) = сенка-душа
7. С’К’М (СЕКЕМ)(САКАМ) = форма-душа (животворна сила)
8. Р’Н (РЕН) = име-душа
9. АНК (АНКХ) = интелект-душа, единство меѓу К и Б = воскресение (ВИСТИНА?)
Ако не се внимава на ПАТОТ, КА и БА може и да не се спојат! Во тој случај смртта настапува навистина.

ДЕСЕТ КАТЕГОРИИ НА РАЗУМОТ

1. СУШТЕСТВО
2. КВАЛИТЕТ
3. КВАНТИТЕТ
4. ОДНОС
5. ПРОСТОР
6. ВРЕМЕ
7. ПОСТАВЕНОСТ
8. ПОСЕДУВАЊЕ
9. ДЕЈСТВУВАЊЕ
10. СТРАСТ
…сега… ене… види: КАМЕН ПРЕКУ ПАТОТ… голем (го препречува патот)… огромен е… го крие хоризонтот… Сите имаат хоризонт… И нам ни е неопходен нашиот хоризонт, сите се сеќаваме дека имавме ХОРИЗОНТ. Овој камен не е природно тука, стои тука одземајќи ни ја далечината… ПРЕДАВНИК… КОЈ ЛИ ГО ПОСТАВИЛ (се прашуваме и се погледнуваме)?! Вие? Ние? ТИЕ… не успокојуваат:… дека е од нас, дека така било отсекогаш, дека чурук народ, дека сами произведуваме предавници, и нели менталитетот… козата на комшијата… клинецот од савезно извршно вече… кубурата…
Каменот стои преку патот (почнуваме да се навикнуваме и на оваа донесена навика… нели така требаше???
ЕНЕ ЕДЕН секој ден се обидува да го помести каменот, прво со рацете, потоа со рамениците, сега легнува под каменот и со нозете, сега копа дупки и поставува диреци (ќе ги користи како лост…?)… нам… ние… гледаме… гледаме и се чудиме… смешен е… ене: оние го жалат… еден психолог доби идеја и одбрани докторска дисертација, ја наслови: ПРОБЛЕМОТ НА СИЗИФ АКО Е НА РАМНО…
Веќе извесно време сме присутни, гледаме колку е залудно… Но, еве еден се оддели од толпата за да го праша. Овој не одговори, само покажа кон земјата под каменот и продолжи. кога гласникот се врати ни соопшти дека видел 3 хоризонтални белези паралелни на каменот и бележани со датум: каменот се поместил 3 пати по 1 прст… потоа интерпретираше дека лудиот мисли ако се вклучиме сите дека ќе се појави хоризонтот… Ние. се погледнуваме и интелектуалците меѓу нас предлагаат да оформиме комисија што ќе ја донесе одлуката… Сега се расправаме околу позицијата: претседател на комисијата…

Еве, еден предложи да повикаме експерт од понадвор…
Пристигнува советодавниот контејнер… писанието (НОН ПЕЈПЕРО) е адресирано до претседателот (цитираме): „Почитуван прецедник, види: немојте да одговарате на прашања – вие треба да ги поставувате… види: …немојте да ги заборавате пријателите (искористи ги)… види:… немојте да ги заборавате непријателите (и тие се од мајка родени)… види: …во секој случај мора да имате непријател (тука е штосот)… ако не ви текнува некој, измислете: народен непријател, непријател на законот (и така и така законот е сочинет од оној твојон претходник)… ПАМТИШ… она со прислушувањата… и… имаш еден куп предрасуди на располагање… и… ве молам не заборавајте: КУЛТОТ НА ЛИЧНОСТА ВИРЕЕ АКО И САМО АКО ЈАВНО НАСТАПУВАШ ПРОТИВ КУЛТОТ НА ЛИЧНОСТА!!! … и… обрнете внимание: ПРЕДРАСУДИТЕ ГИ ДОБИВААТ ИЗБОРИТЕ… (белки ти е јасно досега…) …Непријател ќе најдеш лесно: Македонија е богата и историјата што ви ја напишавме со време е доста населена со предавници (ПРЕДАВНИЦИ СЕ СИТЕ ПЕТЛИ… памтиш од ОУ и сега од ЕУ???) …тие само чекаат да бидат експлоатирани…Преспиј… потребен број амандмани… но почитувај ги правилата на големите компании и табиетите на извршните директори… и настапувајте дрчно и гордо… и кога некој ќе се „пошегува“ на сметка на Македонија (таа навика е честа во ЕУ и ОУ), ти додај малку за да не се налутат комшиите… и… потоа… одбранете ја татковината со проверениот ИМИЏ: „мала земја-мал народ“… и… потоа… внимавај: НА СЕКОИ 4 ГОДИНИ ПОМОГНИ МУ НА ТВОЈОТ НАРОД ДА ЗАБОРАВИ ВО ИМЕ НА ПОСВЕТЛАТА ИДНИНА… и да не заборавиш: БРИШЕТЕ ТОА ИСТОРИЈА (нели сакаше да поседиш во некоја комисиичка во ЕУ или НАТО??)… ама апоријата со „THE NAME ISSUE“ ТИ ОСТАНА НЕРЕШЕНА…
…зошто… доволно често… на македонските археолошки наоѓалишта се среќаваат хиероглифи „свети знаци“…!?

Вангел Божиноски