Некроглад

  • Сега (денеска е 12 јули, Петровден) во Тетово повторно ќе ги менуваат имињата на улиците што ги носат имињата на херои од Втората светска војна – за да постават имиња на УЧК-балисти! Перманентна тортурна контекстуалност! Демек долу „клети антифашисти“ и горе фашисти. Современа модна ревија на смртозборот!
  • Си ги продадовме патлиџанот, гравот, житото, градежништвото, медицината и душата си ја продадовме – на мафијата. „Ако немате леб, пушете марихуана“!, вели Мафија Антоанета. Тоа се вика предизборен пазар. Ах, избори златни, вие сте прави другари. Само вие и џихадистите ми кажувате колку сум низок

Навистина ми е јад и смачено ваков тип текстови да пишувам, но ме јаде една мачнина, наузеја, егзорцизам. Додека моите родители, кои беа партизани и благородници, си заминаа од овој свет како херои со високо достоинство, јас си одам од светот како буљомизерник. И што е работата? Е па, со „транзицијава“ којзнае по кој пат и мене и вас нѐ тепаат со понижувачки „изненадувања“. Имено, сега (денеска е 12 јули, Петровден) во Тетово повторно ќе ги менуваат имињата на улиците што ги носат имињата на херои од Втората светска војна – за да постават имиња на УЧК-балисти! Перманентна тортурна контекстуалност! Демек долу „клети антифашисти“ и горе фашисти. Современа модна ревија на смртозборот! И баш сега – кога треба да се променат министрите – сакаш коалиција, еве ти парамилиција! („Ком ил фо“ што би рекле Французите). А зошто? Па им се може. Па како им се може? – Оти ние им дозволуваме – им пееме „бакни ме УЧК – ситно па ситније“! Си го бараме бе браќа, сами си го бараме со боринче и дрогиче. Купи – продај бе – пазарна економија. Си ги продадовме патлиџанот, гравот, житото, градежништвото, медицината и душата си ја продадовме – на мафијата. „Ако немате леб, пушете марихуана“!, вели Мафија Антоанета. Тоа се вика предизборен пазар. Ах, избори златни, вие сте прави другари. Само вие и џихадистите ми кажувате колку сум низок. „Ние-тие“ си ги чешаме парадоксите. „Револуцијата како Сатурн на крајот си ги јаде своите деца“, вели револуционерот Пиер Вергнио. Научи бате дека секоја револуција завршува со корупција. Или, пак, што би рекол големиот исламски филозоф Рене Генон – „насилството е симптом за пад на духовниот циклус“. Тоа ти е бате „некроглад“ – си ја бараме смртта! Мачнотија батки, мачнотија – мојот народ македонски дозволува бандити да го прават мајмун…, офффф нека ми извинат мајмуните. Па ќе сме дебатирале, па ќе сме дискутирале во парламентот, леле-леле, па Уставниот суд ќе сме го прашале – дрн-дрн јариња. Каков устав таква држава – играј самба со црна мамба! Човечки права? – Сомнофилија! (Види што значи на интернет). Па не ли гледате дека карикатури прават од нас? Како оние слики на Пикасо со проститутките од Барселона. Ние сме ти слепците на Домановиќ што одат во провалија.

Да, така е, им се може. А зошто им се може? Оти кај нас сите, ама баш сите станаа мажи со розови фустанчиња и розови чадорчиња – фламингоси – па на балистите им велиме „бакни ме џихадисту, да се соединиме“. Јуда Искариот си го продаде светиот брат Исус, а и своите браќа за триесет сребреника, а ние си ја продаваме Македонија за тројца министри. Еееј каде сте мажи бре, каде сте гемиџии, партизани каде сте, каде си Гоце, каде си Питу, каде си Даме, Кузмане каде си? Нема кој да тропне на маса, испарија мажите. Мајка ми партизанката велеше: „Ако треба да умреш сине – умри како маж, а не како мизерник“. На оние од СДСМ им предлагам да си го вратат Бранкота, иако беше приватосушач, барем беше маж со панталони – да им ги симне сукњите на сегашниве. Онаа „Шарена револуција“ иако измамничка, ама покажа дека барем има понекој маж во Македонија. Ни толку не можеме сега. Како ќе ја браниме Македонија ако останат само сукњари? По оној 27 април – страв до коски им влезе и – мажи чао! Царот Али Ахмети изгледа е последниот маж – ете, се заканува дека ќе излезат на улица ако не се поклониме пред имињата на балистите. Па ако они излезат илјада, нека излезат наши пет илјади! Само песница е спас Господова. Гледате? Па барем да беа имиња на честити Албанци – просветители, професори, академици, борци против фашизмот… ги има многу се разбира! Ееееј, тогаш и јас ќе излезам со нив. А не џихадисти – гнаса. Они те колат, а ти им пееш на увце. Некои го викаат тоа Стокхолмски синдром. Ама сега и цела Европа плаче за џихадистите…. „браво Иран, браво Хамас“. Ќе ве видам кога еден ден ќе ви влезат во државата и по домовите… аааххх до тогаш веројатно нема да постојам. Што мислите кој прв ќе ја ликвидира Европа – службите, парите, атомските бомби или џихадистите? Иран и САД денес „бум-бум“, па утре „мир-мир“, цикцак-метод – бајлар ла бамба – колку да се вртат нафтата, леталата и инфлациите! А што мислите – кога ќе заврши перманентната војна во Украина? – Кога ќе им ќефне на богатите и ќе испоумрат сиромашните. Знаете ли зошто нацистите успеаја да ги сотрат Евреите од Европа? Затоа што тие мислеа дека Германците, цар Борис и Европа се „господа“ и нема да дозволат да ги отепаат. Овци. Ја посрамотија ѕвездата на Давид како што нашиве го срамотат крстот денес. Колку смешно, колку јадно. Ете затоа сега во Израел се борат со секакви методи, со нокти, со заби ако треба. Војната е лоша, валкана, секогаш. Ама или ќе се борат или ќе ги нема. Запишано е. Ерусалиме, ако те нема и мене нека ме нема. А ние, ако седиме мирнички добрички – ќе нѐ згазат! Ниту „М“ ќе остане од македонизмот. Сега имиња на улиците, утре вашите домови. Денес Тетово, утре Скопје, а задутре… ај марш бе надвор, зус, ова е земја џихадистичка! Не верувате? Заспиј ако можеш.
Еден мој веќе покоен другар (не знам дали смеам името да му го кажам оти веќе не може да ми дозволи), кога ги правеа клубовите на фашисти во Битола, а сакаа и во Скопје и Охрид, велеше: „Знаеш ли кога на Евреите и Македонците ќе им помогне некој, па нека е тоа Америка, Израел, Европа, Хаг или хагиџистан? Во свети никогаш! Да собереме барем илјада души на улица, пред Владата, па да викаме!“ Така-така, ама си отиде човекот. Само такви методи имаат успех во „демократијата“. Царот Али многу добро го сфатил тоа и вели „ќе излеземе, ќе урламе, буууу… ѓаурот ќе смрзне и буп – долу панталоните“! Па си пеам „не си го продавај Кољо чифликот, Али не го дава Тетово за тебе“! Пред и по изборите нова заедничка молитва на политичарите ќе биде – „во име на Отецот, синот, Али и ајкули“. Го гледам оној некрофиличар сериски убиец од Горно Нагоричане како им се измотава на судот, на сиротите фамилии (Бог нека ги чува, амин), па и на сите нас. Му се може бе! Во Америка за тоа му следува електричен стол. До скоро во Франција би му следувала гилотина.

Неодамна Бадентер ја укина смртната казна во Франција со грдни маки. Навистина, секоја му чест. Но замислете еден ден цела армија од такви некроманијаци да ви ја нападне земјата. Што…. не е можно? Ги заборавивте муџахедините во Босна, а и УЧК во Црна Гора, Косово и кај нас? Ако ако, сонувајте, патувајте – 2050 година не е далеку кога светот ќе стане џихадистички! Вашите внуци можеби ќе станат џихадисти – тоа е мода во Европа. Ме нарекуваат „чифутин“ по медиумите поради вакви коментари. Добро де, добро! Само да ви каже стариот чифутин нешто – Аушвиц не е мртов. Постои за сите – и за чифутинот и за христијанинот и за исламистот! Ееееј знаете што ми кажаа исламски пријатели? УЧК кога напаѓаа најпрво тропнаа на нивните врати. Знаете ли дека Ал каеда има центри за обука во Македонија? Знаете ли колку има од ИСИС во Македонија? Знаете ли колку пари се влеваат преку нив? Гледате ли како дејствуваат во Африка? Македонија е Казабланка, Колумбија и калифат на Балканот. Што мислите, од каков центар дојдоа оние што фрлија бензин на Еврејската заедница? Не се секирајте – пак ќе се појават. А има и партии што ги обожуваат. Ние сме џихадистичка сукња. Тетово е почеток. Културните манифестации низ Европа и меѓународните судови се бетер од Тетово! Ајде, добре дојдовте, патувајте – сонувајте.

Проф. д-р Самуел Садикарио Колономос