Павлов, како што знаеш драг читателу, е руски биолог и нобеловец, татко на психологијата на бихевиоризмот, која функционира како швајцарски саат на дразбите на организмот во синергетската врска со психата. Еден од неговите експерименти на тој план, елементарен но генијален, широко познат, е експериментот со кучето и тенекијата. Кучето било така истренирано секогаш да лачи плунка на нејзиниот звук, кој сигнализирал дека следува храна. Едноставно и функционално откритие што го афирмира биолошкиот аспект на психологијата, дотогаш запоставеното значење на дразбата, која има карактер на примордијален инстинкт на организмот и битието, речиси метафизички во својата неменливост и константност. И тоа е, драг читателу, био и психозаконот што е применлив и важечки не само за човекот и кучето на Павлов туку и за целиот животински род за кој, наивни, мислиме дека не располага со свест и психа, а никогаш како што велат поетите не сме се ни обиделе да ѕирнеме во неговата животинска душа. Експериментот на Павлов, пак, со тенекијата и кучето сепак можеби отвора некоја ѕирка и на тој план.
Сеедно, главно по аналогија на тој експеримент, драг читателу, на рускиот научник ја дефинира прецизно и нашата релација со бриселска ЕУ во која ние сме кучето, а таа тенекија што тропа како знак дека треба да добиеме храна, но постојано садистички нè лаже, постојано нè остава гладни и да ни течат само лиги предизвикани со дразбата од опсенарскиот звук. Оттука, по сè кажано понапред, е немилосрдно прецизен и дијагностички и насловот на нашата денешна колумна, кој е експлозивен и ако има барем трошка совест, етика и морал егоистичната бриселска ЕУ-дама ќе го доживее него како бомбата над Хирошима со која 1945 во август Американците го заведоа по Хитлер новиот фашизам во светот. И денес со нивното форсирање на војната во Украина до конечна катастрофа го сигнализираат тоа. А Европа малку задоцни, само три години зад Америка кога го обнови фашизмот на грбот на Македонците со американските бомбардери на Черчилова Англија што ги убиваа нив од пеленаче до немоќни старци, чистејќи им ја етнички македонската територија на нивните патолошки миленици Грците од која и денес јадат крвав и проколнат леб.
Така. Нужна рефлексија за прецизно да го дефинирам мојот, а со тоа и твојот Павлов рефлекс, драг читателу, што буди кај нас нагон за повраќање при звукот на тенекијата на бриселска ЕУ. И нема да ѝ се извинам на политороспијата за тој нагон, кој го предизвикува таа и кај мене и кај доблесниот дел од мојот народ, исчистен од квислиншката власт и од купиштата, и финансирани од Западот за тоа, подлизурковци, арамолепци и предавници. Да. Оти нашето македонско искуство сега со Европа е исто како и она од 1913 година кога таа нè распарчуваше, а сега повтела и целосно идентитетски да нè ликвидира. Оти знаеме дека за нас бриселска ЕУ е само еден полит-бордел на политбирократи чија визија за Обединета Европа е шуплива, селективна и понижувачка за цела група народи, кои пред неа стојат како пред онаа страшна врата на пеколот од „Божествената комедија“ на Данте на која пишува „Оставете секаква надеж“.
Па за какви Копенхашки и други критериуми за човекови права, на пример, може и смее да зборува таа кога нив ги гази на секој чекор. За какви, кога еднаш нејзиниот челник-безобразник Јоханес Кан, се сеќаваш ли, драг пријателу, ни препорача „балкански методи“ за да се забрза погребот во Преспа 2018. Методите што, всушност, ѝ се иманентни на бриселска ЕУ и на нејзината духовно и морално бедна политичка елита, но таа ги проектира на друг. Типична фројдовска ситуација. Па во тој контекст, драг читателу, и шовинизмот е европски пронајдок, именуван според францускиот гроф Маркиз де Сад чиј сјаен наследник сега е Макрон, а тука е како западен европски пронајдок, за некого парадоксален, дури и мазохизмот именуван според германскиот барон Мазох, кој, всушност, дефинира еден потсвесен дефект на германската психа што ја крена во екстаза Хитлер, за по него пак да спласне и легне во леглото на својата психолошка инертност и недефинираност.
Европа на нејзините колонијалистички сили скриена вешто зад маската ЕУ денес е целосна етичка и морална деградација драг читателу. Таа е безбожна, иако Англосаксонците постојано го повикуваат Бог да им ги чува кралот и кралицата во Бакингемската палата. Но само за тоа ним и за слични потреби им е потребен тој. Ним и на другите колонијални држави, кои не знаат ни за една божја заповед на двете камени плочи што ги снесе Мојсеј од Синај каде што се сретнаа со Јахве. Не. И тие, како Евреите што ги најде во пустината тој кога слезе со божјите заповеди играат околу Златното теле на капиталот. Околу банките што печалат на сиромашниот свет. Само тоа оро го знаат, за разлика од нашето што е свадбарско. Тоа е сè уште колонијалистичка Европа, која не престанува, да се изразам со синтагмата на богомилскиот христолик Рацин, да го експлоатира црнотрудовото човештво. Како Рацин утопист, како и Достоевски, кој мислеше дека се ближи крајот на епохата на Златното теле на капиталот и дека неговите Бели мугри само што не го исфрлиле од катапултот на срцето на работничката класа „силно светнатиот ден“ на среќата на човештвото. Но не било пишано, не ѝ даваат игроорците околу тоа теле никаква шанса на таа класа да крене глава, иако беше силен нејзиниот изблик пред неколку години со „Жолтите елеци“ во Макронова Франција, кој според соопштението на едно слободно радио (бидејќи и на „демократскиот“ Запад мејнстрим-медиумите се строго контролирани) е и причина за загриженоста на западните богаташи и банки на капиталот, па бргу-бргу во своите мефистофелски лаборатории го произведоа коронавирусот од што имаше двојна добивка: ем се фрли во апатија човештвото да не крева глава против капиталот ем додатно западните фармацевтски корпорации натрупаа до небо купишта долари. Итн.
Тоа, драг читателу. Па ние Македонците, „смачканото племе“ (Конески), ќе сме се надевале на прием во европската бриселска елита. Па нели тој „мистичен“ Французин Бадинтер пуштен во мисија во Југославија, на која ѝ ја зеде мерката ЦИА, рече дека само Словенија и Македонија заслужуваат директно да влезат во ЕУ. А потоа што се случи? Типична француска перверзија. Тој уште и ни го скрои таканаречениот Бадинтеров закон што е par excellence антидемократски и, како што се покажа, исфорсира апартхејтска ситуација на надреденоста на малцинството над мнозинството. И Словенија влезе, а ние сè уште талкаме низ лавиринтите на бриселовашингтонскиот план за наша идентитетска ликвидација, докрај, па дури потоа како безлична маса ќе влеземе кај ороспијата. Тоа е сега-засега ЕУ за нас. Тоа е нашето мачно искуство за неа. Тие од Брисел нè јаваат и нè дупат (се извинувам за изразот иако е точен) како што сакаат и кога сакаат според богатиот за таа намена репортер на Маркиз де Сад, чија улога сега конкретно во нашиот случај ја презема Емануел Макрон.
Тоа е тоа, драг читателу, оти зарем не е доволно сето тоа што го наведов понапред за да ја оправда мојата, твојата и на честољубивиот лажен и злоупотребуван од Брисел и Вашингтон, македонски народ дразба што го покрева нашиот нагон за повраќање и при самото спомнување на бриселска ЕУ, која, еве, и сега ни праќа некои свои тешкаши, тешки од безобразлук и политички и човечки простаклак, да нè убедуваат да ги ставиме Бугарите во Уставот, тие што не нè признаваат никако народ, ни како јазик, ни како историја. Како ништо. И ајде, дојде што дојде тука Австриецот, ама што бараа мајка и Словакот и Чехот со него. Та нели нивните министри реагираа остро на бугарското варварство, со државен декрет, присвојување на браќата Кирил и Методиј? Или заборавиле на тоа? Или на нив двајцата изгубени во себе, европолтрони што ги срамат своите земји, треба повторно да им ги праќаме Кирил и Методиј во Моравија за да ги просветлат и описменат?
Доволно, драг читателу. Тука ставаме точка, оти е долга оваа тажна цивилизациска приказна. И многу потажна за ариевска Европа, отколку за нас од кои никој не пострадал и не бил пљачкан како од нив. Во минатото и денес. А веројатно и во иднина, ако сегашните бриселски политбирократи не ги замени некоја елита со просветлен дух и ум, како онаа на француското просветителство на Волтер, Декарт, Русо и другите за кои не сум сигурен, од тоа како се однесува кон нас, дека чул Макрон. Оти јас и ти ја сакаме Европа, драг читателу, но Европа на нејзините просветлени умови и гении: на Шекспир, Дикенс, Бајрон, Шели, Китс, на Хелдерлин, Гете, Шилер, Иго, Анатол Франс, Бодлер, Валери, Волтер, Русо, Ками, Сартр… А не бриселска Европа на полуинтелигенти и политпрофитери без длабока духовна визија, ситнодушници што прокламираат божем човекови права, а со примерот кон Македонија и Македонците сè газат под нозе. Нас сега нè ништат уште пожестоко и поперверзно отколку во 1913, со идентитетска смрт. Ние со сè што ни прават од Брисел и Вашингтон сме експериментален објект. Тоа е по многуте геноцидни проекти на Западната ариевска цивилизација низ светот првиот нејзин експериментален и успешен идентитетски геноцид врз европско тло, и тоа врз цел еден народ – Македонците. Тоа е вистината, драг читателу, и оттука и мојот и твојот природен Павлов дразбен ефект од бриселска Европа: нагон за повраќање. Добро се изнаповраќавме. До идната наша средба сè најубаво во нашата европска „мачнотија на постоењето“ (Сартр). Еден ден Европа ќе плати за тој нацифашистички геноцид.