МАКЕДОНИЈА Е ИМЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ

Отворено писмо до Софија Филипиду, амбасадорка на Република Грција во Македонија

Почитувана г-ѓо Софија Филипиду, амбасадорка на Република Грција во Македонија, ова писмо ви го пишува поет, а не политичар, но поетите се и подобри претставници на својата земја и народ. Тие по дефиниција во себе го содржат генеричкиот дух на својот длабок род и се, како што вели Јунг, антени низ кои минуваат материјалите на тајното. Оттука, ако нешто најмногу сакам во Грција, тоа е грчката поезија, најубавата, како што мисли Андре Жид, во Европа. А јас би рекол една од најубавите, заедно и со македонската како вистинска експлозија на ослободениот македонски дух по Втората светска војна, со векови потиснуван и толчен од големите европски сили и од варварски настроените кон Македонија и Македонците соседи, во што посебно место имаат Грција и Грците. Тоа е историски факт, г-ѓо Филипиду. Сјајниот грчки поет Константин Кавафис во песната „Чекајќи ги варварите“ исфрли една шокантна хипотеза: имено, дека варварите се некое решение за истрошената цивилизација. Така. Оти и природниот закон на една култура, како што мисли Освалд Шпенглер, е нејзино згаснување за да почне нов цивилизациски циклус, што би требало да е историски реално. Според таа хипотеза, тој го предвидува и гаснењето на западната, како што ја дефинира како и Гете, фаустовска цивилизација, иако тука сепак работите се нејасни. Нејзиниот буен цвет е во многу нешта од поодамна, покрај на културата и историски цвет на варварството сега широко отворен врз ѓубриштето на корпоративниот либералкапитализам. Освен ако повторно не дојдат во европската психолошка фасцинација „варварите од Исток“, како што ги викаат тие Хуните, Монголите и Аварите, кои сега психолошки ги супституираат во Русија, чии 27 милиони советски жртви ја ослободија, здружени и со македонските асномски партизани и другите чесни антифашисти, Европа од фашизмот. Ама изгледа не докрај, г-ѓо Софија Филипиду, оти, како што гледаме тој крволочен вампир е повторно разбуден на незгодно место, во бриселска Европа на Урсула, но и кај нејзините балкански предатори, пред сè Грција и Бугарија.
Тоа е скицата, Ваша екселенцијо, на современото цивилизациско варварство кон Македонија под маската ЕУ на западната ариевска цивилизација, која му праќа оружје на Израел за да ги убива дури и штотуку зачнатите и неродени деца на Палестина. Цивилизацијата што своите „демократски“ заби ги остри на од неа столетие и половина ништените и понижувани Македонци. Да. И токму Македонија и Македонците, г-ѓо Филипиду, се огледалото во кое се распаѓа моралната и етичката слика на таа бесрамна колонијалистичка и лицемерна цивилизација.
Доволно, Ваша екселенцијо, за по тој малку подолг вовед да ви кажам што ме натера да ви го напишам ова отворено писмо, а во име и на сите храбри и чесни, настрана од оние бедни политички квислинзи, Македонци. In medias res, тоа е вашето антицивилизациско напуштање на салата на македонското собрание кога нашата новоименувана претседателка во својата заклетва одби да го повтори до буква северниот папагал Митрески и заветно го изговори нашето генеричко име МАКЕДОНИЈА без придавката на смртта Северна. Секоја чест за нејзината храброст во име на Македонците да ѝ ја фрли ракавицата на расипаната борделска политичка гарнитура на Брисел на чело со Урсула, која идеално се вклопува во еден вавилонски лик од апокалипсата на апостол Јован, последната библиска книга во која се води не планетарна туку космичка битка меѓу Доброто и Злото. Армагедон, нешто што се римува судбински според божјата правда со Армакедон. Битката во која повторно како во големата катастрофа на глупавата Европа Втората светска војна ќе исплови од „светската ноќ“ (Хајдегер) на виделина чисто и во божествена светлина името МАКЕДОНИЈА. Простете ако ве боли што него го пишувам од почеток до крај само со големи како космосот букви. Да, г-ѓо Софија Филипиду, и тоа ќе биде крај на „демократијата“ на вавилонската бриселска дама, оти, знаеме, секогаш кога таа ќе го изговори заедно со Вашингтон тој екстремно опасен збор веднаш тргнуваат да убиваат и колонизираат нејзините авиони полни со смрт. Така беше тоа, да ве потсетам Ваша екселенцијо, и во 1948-та, кога по победата во 1945-та врз грбот на Македонците повторно беше обновен европскиот фашизам. Американците го сторија тоа пред Европа уште во август 1945 година со атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки.

Тоа е вистината, г-ѓо Филипиду, ако не знаете. Оти веднаш по завршувањето на Втората европска и светска војна, небаре старозаветен пророк, Томас Ман рече: „Хитлер е победен, но не и фашизмот“. А тоа и се случи во 1948 г. со англиското бомбардирање со напалм-бомби на Македонците во Егејска Македонија. Се убиваа и неродените македонски деца во утробата на мајките само и само да се исчисти од Македонци Елада за омилените европски Грци, кои го присвоија имотот на ликвидираните во тој геноциден егзодус сосе црквите и гробиштата. И тоа беше, г-ѓо Софија Филипиду, обнова на европскиот фашизам само три години, како што мислевме наивно, по победата над него во 1945 година. До ден-денес не им се вратени на прогнатите Македонци ни имотите ни гробиштата на нивните родители и предци. Така, Грците јадат крвав леб од грабнатото со помош на англиските бомбардери од американска изработка. За таа трагедија пишува и доблесната Гркинка Анастасија Каракасиду во нејзината книга „Полиња од жито и ридови од крв“, објавена во Америка како докторска дисертација, а преведена и на македонски. Угледајте се на неа и нејзината праведна душа, г-ѓо Филипиду, а не хистерично да го напуштате протестно македонското собрание на инаугурацијата на претседателката Силјановска-Давкова кога таа наместо Северна го изговори нашето чисто генеричко име Македонија.
Вашиот потег со фројдовска дијагноза хистерија, г-ѓо Филипиду, за жал, беше антикултурен и антицивилизациски. Но, секако, Вие имате оправдување за тоа во Брисел и Вашингтон, кои заедно со Атина и Софија, а некако „срамежливо“ и со Тирана, го замислија идентитетскиот геноцид врз Македонците, како единствено можно, современо и софистицирано западно решение за нивното упокојување, оти видоа дека е тешко искоренливо на друг начин тоа божјо племе. Оттука, Европа што тргна во булдожерско ништење на Македонците во Букурешт во 1913-та, кога ѝ подари на Грција 53 отсто од нивната територија, до денес го држи тој геноциден план. По голготата во 1948 година, со мал миг на lucida intervala, дојде европската par exellence нацифашистичка Лисабонска декларација во која му се забранува на еден древен народ да влезе во струјата на европската западна цивилизација со сопственото генеричко име МАКЕДОНИЈА. Оти работите, како што кажа во јанѕа и Томас Ман, не се промениле по Хитлер. Во 1948 година Европа (а и Америка) во Грција не се одредија за ДАГ (Демократската армија на Грција преполна со Македонци), која го претпочиташе комунизмот, туку за грчкиот монархофашизам присутен и денес само преоблечен во божем либерален западен фустан. Така, заедно со ништењето на комунизмот во Грција започна и западното ништење на Македонија и Македонците како некој вид западна цивилизациска чума од антиката до денес.

Грција Европа, со патолошки Едипов комплекс кон неа, одамна ја промовира како лулка на демократијата вклучително, се разбира, и на европската, која денес ја нема. Примерот на Македонија во неа го потврдува тоа. Познато е дека во Грција владеело во полн расцут робовладетелството и за време на, како што се смета, најпросветлениот атински политичар Перикле. Да. А вистината е дека всушност Македонците на Александар се тие што први го укинуваат робовладетелството, и тоа на универзален план, градејќи ја Универзалната светска држава на слобода, братство и еднаквост на народите. Нешто што се обидоа да го имитираат Французите во нивната револуција на Бастилја. Но тоа траеше кратко. Нејзин плод беше просветителството, кое траеше многу пократко од италијанската ренесанса на хуманистичка основа. Многу пократко, оти како што се покажа Европа на нејзините моќни колонијалистички нации е дволична, ем хуманистичка, демократска, ем геноцидна и експлоататорска кон помалите и понижени нации што ги ограбува материјално за свој егзистенцијален раскош. Дури и една Индија во таа смисла. Боже! Па, зборот демократија, веќе сите знаат, стана најопасниот збор на западната цивилизација, која кога ќе го изговори него нејзините бомбардери веќе летаат негде полни со смрт, кон Африка, Јужна Америка, азискиот пацифик, или и кон Македонија и Србија на Балканот.
За жал, тоа е вистината, г-ѓо Софија Филипиду. Античкиот македонски космополитски модел на Универзалната светска држава на братство меѓу народите не ѝ одговара на западната ариевска и корпоративна либералкапиталистичка цивилизација. Од него таа смртно се плаши. Оттука, ако се послужиме со клучот на психоанализата, ќе видиме дека нејзината потсвест е ранета од тој факт и сака да се ослободи од тоа за што ги жртвува Македонците, предавајќи им го целосно нивниот културно-цивилизациски имот на Античка Македонија на Грците. Грците кои и според Французот Фрасејлер покрај филозофи биле и крајбрежни пирати од Крит до Сицилија. Ним космополитски им го отвора кон светот хоризонтот Александар Македонски. Македонците. Тие кои сега и по диктат на велефалсификатот на Дројзен Европа со геноцидниот Преспански договор беневолентно им ги подарува како културно-цивилизациски имот на Грција и Грците. Со него името Македонија отиде кај нив заедно и со целата македонска античка меморија. Сега треба уште да се реализира и француската рамка на новиот француски Маркиз де Сад Макрон и сè ќе биде во ред. Меморијата од Кирил и Методиј и Климент и Наум наваму до денес ќе им се подари на Бугарите и така ќе биде финализиран западниот идентитетски геноцид врз Македонците. Оти, како што вели и сјајниот англиски поет и романсиер Д. Х. Лоренс, „Европа по инерција сè трупа во грчка вреќа“. И, еве сега во неа ја трупа и целата Античка Македонија, ама како што гледате, г-ѓо Филипиду, сега за да се доуништи идентитетски докрај таа со Македонците, на ваша грчка радост, таа широко ги отвора со нацифашистичката и француска рамка и лакомата бугарска вреќа.

Да. А сето тоа го гледа од некој ќош на небото и апостол Павле, на кој сега вие Грците полагате сопственост со официјалното европско префрлање на името Македонија кај вас. Да. Ама најревносниот Исусов апостол, Ваша екселенцијо, јасно ги разграничува Македонците од Грците. Прочитајте ги Дела апостолски на Лука, а особено Посланијата на Павле, во кои тој ги фали Македонците (не Грците) како „богоугоден народ“ како „светила во расипан род“ (читај Европа) со кои, како такви, има намера да се пофали и пред Господ. Со Грците, за жал, не. Со нив имал проблеми, оти биле тврдокорни пагани и имал мака да ги христијанизира, па им советувал за да се христијанизираат да се угледаат во тоа на „богољубивите Македонци“. Оти познато е дека Грците (Ахајците, како што ги вика Павле) дури до седмиот век по Христос со паганска еротска страст ги одржувале нивните познати пагански елеузински мистерии. Тоа, ваша екселенцијо г-ѓо Филипиду, амбасадорка на Република Грција во Македонија, ама според сè што се случува сега и со гркоманскиот Фанар на божем Вселенската патријаршија во која е свален Христос од тронот и која сака идентитетски да го урне столбот на нашата Македонска православна црква знаеме дека грчкиот монархофашизам, потпомогнат и воено и институционално од Брисел и Вашингтон, не згаснал. Но ние Македонците ќе се бориме во Армагедон (или речете го Армакедон) на страната на Доброто против Злото. А ако Вие лично, г-ѓо Филипиду, и Грците сакате да бидете на страната на Доброто во таа битка што е веќе почната со ништење на Македонија, Палестина и други невини божји народи, приклучете ни се, оти деновите на злото се избројани. И Исус во таа смисла на крстот рече „Свршено е“. Крај. Ние ќе ѝ се радуваме на победата во Армагедон (или Армакедон ако сакате), приклучете ни се, и нека не ве плаши името Македонија. Па, нели вавилонската блудница во Брисел и Вашингтон ви го подари. Ама вие не сте сигурни, и никогаш нема да бидете, дека е ваше.
Моите срдечни поздрави до вас, г-ѓо Филипиду, оти ова писмо и со таков тон на болка, искреност и божја праведност, знаете дека по вашиот гест во Собранието немаше да ви го напише ниеден политичар, оти тоа не се слободни луѓе и ним, како и Вам, ништо не им значат категориите: Вистина, Вера, Љубов и Правда во Бог. Оти како што велеше и Достоевски, а кого малку европски го интерпретираше и Ниче, „Ако нема Бог, сè е дозволено“. И тоа е, г-ѓо Филипиду, за жал, законот што е примарен за Европа и Грција запечатен со антибожјиот, антицивилизациски и фашистички Преспански договор, со кој од Брисел и Вашингтон охрабрени со новиот западен либералкапиталистички фашизам Грците беа втурнати во хистерична колективна и националистичка еротска екстаза. Беа втурнати во катарзата на Македонецот Аристотел што ја дефинираше теориски неа врз база на античките трагедии на Еврипид, Софокле и Есхил и врз основа на онаа космичка, а всушност сега евроамериканска и грчка deus ex machina, колонизаторска по сите основи и терористичка во однос на слободата на народите. Толку. Бидете поздравена од мене, г-ѓо Филипиду. Сакам да бидете долговечна за да ја видите и дочекате победата на Македонците и македонскиот космополитизам.