Тоа што се случуваше, драг читателу, во Брисел со извештајот за Македонија на Вајц беше уште едно морално помрачение за оваа ариевска цивилизација на европски колонизатори, кои, рака на срце, никогаш и не се пофалиле со морална доблест. Залудно Кант испиша стотини страници за да им ја објасни есенцијалната и онтолошката вредност на таа категорија. Во мастодонската парламентарна сала на Брисел со неколку стотици главно корумпирани пратеници уште еднаш по толку пати во историјата беше демонстриран европскиот геноциден проект за помор на Македонците. Беше, за да ни се даде до знаење дека нè нема во европската карта на народите. Во извештајот на Вајц за нас стоеја, перверзно ставени само и само за тоа, планирано однапред, да се избришат категориите „јазик“ и „идентитет“. Циничен сарказам на збирштината од политнакази во ЕУ-парламентот, оти тие ли се тие што треба некому, наместо Господ, да му дадат според нивната тапоглава „милостина“ јазик и идентитет. Тие што се создадени по милоста божја од остатокот од глината од која беа создадени Адам и Ева, набрзина и пуштени во оптек од Господ, кој мислел дека ќе биде нешто и од нив. Ама се излажал. Меѓу другото тие се испилиле од отпадот на таа глина, како што гледаме сега и за несреќа на Македонија и Македонците, но на оваа расипана цивилизација и за несреќа на многу други народи и на цели цивилизации на овој свет. Никој досега не напишал сеопфатна бела книга на нејзините злосторства за кои Европа, како што рече Џани Инфантино, треба да му се извинува на светот цели три илјади години! Злосторства што почнуваат со еден континуален ритам сè до денес, до македонскиот геноцид во Преспа 2018, од 12 век со темпларите и крстоносците, потоа со инквизиторите, а по Колумбо со конквистадорите, сè до фашистите во 20 век и неофашистите во бриселска ЕУ денес.
Не се знае кој повеќе зло сторил од европските колонизатори низ светот. Во новото време вината главно, за да се замаскираат другите виновници, им се фрла на Хитлер и Германците. Но што да кажеме за шпанските и португалските конквистадори што уништија неколку златни цивилизации во Јужна Америка. А потоа за Англосаксонците на Шекспир, кој ја критикуваше жестоко нивната ксенофобија. Тие во Америка убија 15 милиони Индијанци комбинирано со пушка и со хуманитарни ќебиња, да ги стоплат смртно, полни со бактерии од тифус, земајќи им ја земјата на која живееле со столетија. А потоа тие истото, по утврден рецепт, го сторија и со Абориџините во Нов Зеланд и Австралија каде што ги отворија првите гулази, а велат дека тие се пронајдок на Русите и на Сталин. Итн.
Крајно време е, драг читателу, и Македонците конечно да размислат за една бела книга на ѕверствата што ги правела заедно со нивните балкански предатори Европа врз нив. Нека повод за тоа биде сега извештајот на Вајц и онаа дебилна перверзија што се случи со играта со јазикот и идентитетот, уште еднаш повторен нацифашизам по Лисабонската декларација и геноцидна Преспа. Ќе почнеме од Букурешт 1913, па натаму, следејќи го континуитетот на европското ништење, физичко и идентитетско, на Македонците на протекот од СТОЛЕТИЕ. И две децении, сè до Преспа 2018 кога сме ставени во европската идентитетска мртовечница, и сега до којзнае по кој пат оваа година во Брисел европското реактуализирање на нашата замислена од нив идентитетска смрт. Којзнае по кој пат, не верувајќи тие дека сме доволно убиени и избришани. Европа, сега засолнета под дебелата маска ЕУ, во Брисел го бришеше нашиот идентитет, нашето генеричко битие, кое сепак, добро го знаат тоа, не е податливо за бришење покрај другото и затоа што е заверено со Господов печат во Светото писмо. Низ него од првите до последните страници тоа со нашето генеричко име што го носи него се пробива како златна венчална жица низ сите севозможни историски катастрофи. А ќе се пробие и низ најновата идентитетска катастрофа што ни ја смисли сега Европа како ЕУ, која таа не ја дозавршила и сè уште трае. Притоа таа заборава дека нашето Име и излезе во полн сјај и по долги столетија помраченија, имено, од катастрофа, и тоа од најголемата историски запамтена досега, Втората светска војна, европски специјалитет. А тоа ќе се пробие во обновен блесок и во новата катастрофа, која како што изгледаат работите пак ја припрема Европа, која наместо да се хуманизира се милитаризира како во времето на Третиот рајх, триесеттите од минатото столетие. И тоа, драг читателу, може ќе биде и конечната катастрофа, која ќе ја испрати во историјата оваа злосторничка цивилизација како урнатина од која ќе никне ново цвеќе. Но тоа нема да биде употребливо за поезијата на Бодлер, бидејќи веќе нема да е „цвеќе на злото“. Може таа катастрофа е, имено, онаа од визијата на апостол Јован во неговото „Откровение“, Армагедон (јас го читам и како Армакедон), битката на доброто и злото. Во таа пресудна битка, која треба да ја укине историјата, но на многу поинаков начин од Фукујама што типуваше на картата на либерализмот. Македонците како и секогаш од искони досега војуваат на страната на Доброто. Така. Да се потсетиме, тие војуваа на страната на Тројанците во Тројанската војна, бранејќи ја љубовта од суетните и одмаздољубиви Данајци (Грците), кои за тоа нè начекаа конечно да ни се одмаздат во Преспа 2018.
Ова е расипана, аморална цивилизација, која за да ја штити својата морална и секаква друга хипокризија создала некои правни акти, како што се тоа Повелбата на ОН, Копенхашките критериуми, Виенската конвенција и други, купишта хартија, но тие правни параграфи не важат за „смачканото племе“ Македонија и за другите столчени народи. Тука има една длабока шизофренија меѓу проформа правото и Правдата како две поларно различни категории. Првата ѝ припаѓа на расипаната цивилизација на колонизаторите, а втората на природното право како морален закон на Господ. Па зарем не рече и независниот и умен американски интелектуалец Џефри Сакс дека Америка и Европа ги уништуваат Обединетите нации и Меѓународното право, кое никогаш и не заживеало за малите и обесправените народи.
Бриселска ЕУ не ја признава за Македонците најважната клаузула на Повелбата на ОН, средишниот столб на неговата демократска зграда јус когенс, правото на сопствен идентитет, јазик и име. Но тоа ништо не е непознато во нивната колонизаторска историја. Сегде кај што колонизирале истовремено и асимилирале, потиснувајќи ги и во најголем број на случаи укинувајќи ги домородните идентитети, јазици и култури. Гледав неодамна една документарна емисија за Алжир, колонизиран од Французите, кои толку многу се фалат со својата демократија и универзализам. А работите стојат обратно. Цело едно столетие тие биле присутни како колонизатори во Алжир, сè додека најпосле алжирската револуција не успеала да ги истера од родната земја. Цело едно столетие со декрет бил забранет арапскиот алжирски јазик на сметка на колонизаторскиот, францускиот што бил насекаде во службена употреба. Пред сè во образованието. Се одело и дотаму да им се наметне на алжирските деца, испирајќи им го катaдневно мозокот, дека се Гали, а не Арапи. Така уште од рана возраст алжирските основци морале пред часот да ја изговараат во цел на генетички инженеринг реченицата: „Ние сме Гали“. Арно ама една госпоѓа, доблесна Французинка, што живеела во Алжир ја раскажува анегдотата со една ученичка Алжирка, која на прозивката на наставникот Французин да ја прочита на француски реченицата „Ние сме Гали“, таа ја прочитала „Вие сте Гали“.
А кога тој ѝ рекол да ја прочита повторно бидејќи погрешила, таа повторно ја прочитала место ние „Вие сте Гали“. И по третпат така, на што наставникот Французин збеснал и му рекол на девојчето: „Марш надвор Арапиште едно“. Така. Еве ја демократијата на западните ариевски колонизатори, драг читателу: Грабеж на материјалните богатства на колонизираните и нивно асимилирање. Па ние ќе се чудиме што посегнале тие сега, оти ни се намерачиле од поодамна, да нè ликвидираат идентитетски. Само тука случајот е ексклузивен, бидејќи по европските колонизаторски материјални и идентитетски пустошења низ светот сега тие за првпат таков сеопфатен експеримент, како што бил тоа случајот на Хитлер со Евреите, спроведуваат на европска почва врз цел еден древен народ, кој патем ѝ има дадено и важни културно-цивилизациски дарови на Европа.
Не, фашизмот не е мртов во Европа, драг читателу. Тој блесна во полн сјај со оној нацифашистички документ на ЕУ 1992, кога само што зеде здив и почна да дише младата македонска република требаше да биде итно задавена. Потоа тој блесна и во Преспа 2018 најтемниот празник на геноцидна Европа. Да не се навраќаме, пак, и на 1948 на англиските бомбардери полни со напалм-бомби и со смрт што ги убиваа македонските деца во Беломорска Македонија. Томас Ман имаше право кога веднаш по завршувањето на Втората светска војна рече: „Хитлер е победен, но не и фашизмот“. Еве го, тој блесна и неодамна на онаа подземна седница во Брисел кога европските политнакази го бришеа од извештајот на Вајц македонскиот јазик и идентитет. Како тие да ни го дале и како од нив да зависи тој. Толку многу се малоумни, самите без идентитет.
А ред е да го привршуваме текстов, драг читателу, сега во стил на епилог. In medias res, по сè она што ни се случило и што ни се случува од Вавилонската блудница можеме без заобиколување да кажеме дека чесните и истормозени Македонци веќе при самото спомнување на зборот Европа или ЕУ добиваат нагон за повраќање. Тоа е нивниот Павлов рефлекс, нивниот евидентен придонес за теоријата и праксата на бихевиоризмот, психологијата на дразбите, кај нас од цивилизацијата што смрди на одвратна канализацијa. Оти не претеруваме со тезата за обновениот европски фашизам, сега во Брисел. Како крунски доказ за тоа веќе ја приложивме нацифашистичката Лисабонска декларација на ЕУ.
Тој што ја потпишал од ЕУ неа не е помал гениј на злосторството против човештвото од Хитлер. Затоа, драг читателу, и нашата влада нека не ја зарива главата во песок и да вели дека достоинствено го продолжуваме патот кон ЕУ. Каков пат на бескрајни пониженија и цивилизациски идиотизам е тоа, и како какви суштества можеме да чекориме по него ние како црви пресечени на половина од плугот на европската „демократска“ цивилизација, доколку евентуално не сме будисти кај кои секое нешто е еднакво со сите други нешта пред Врховното битие. Па така и црвот кај Буда е еднакво ценет како и човекот. Боже мој, драг читателу, да не грешам душа, па може и нашиот премиер и претседателка се будисти, упатени во источната тајна на егзистенцијата составена од есенција. Па сепак, баш и ако е така, тие наместо да се занимаваат со Бугарите, нудеjќи им за нас безвредна декларација за јазикот и идентитетот насочена кон цивилизацијата што нè ликвидира идентитетски, нека нејзе ѝ светнат една декларација за поништување на нејзиниот нацифашистички документ Лисабонската декларација со која ЕУ повторно по 1948 го обнови фашизмот врз грбот на Македонците. Оној наш челник што ќе има храброст (ако е тоа воопшто и храброст во споредба со гемиџиите и Jане Сандански) да го направи тоа ќе биде овенчан со лаворов венец на слава. Ќе се спаси од раката на заборавот. Сепак од 1990 до денес за време на три и пол децении не видовме таков храбар македонски челник во владата, зачнат и роден од благословена од Господ мајка. Не! Nocturno. De profundis. Memento mori.
Од сево понапред кажано, пак, драг читателу, јасно е дека во Европа, посебно и сега кога таа е модифицирана перверзно во ЕУ, е опасно да си Македонец, исто како што беше опасно да си Евреин за време на Третиот рајх на Адолф Хитлер. Оти денес Македонија со една перверзна „демократска“ модификација не е ништо друго туку новиот Аушвиц на модерната европска цивилизација. Во него сега се пушта за Македонците како новите Евреи на Европа плинот на идентитетскиот геноцид, на изглед безболен, но само физички, и се усмртува со само еден варварски документ неколкумилениумскиот физички и бескрајно богат духовен живот на еден исконски народ за кој, рековме, непоткупливо сведочи и Светото писмо на кое му се измоча Западот. Така.
А ако одиме подлабоко во историјата, по аналогија сега Македонија и Македонците се вглобени во сликата на римскиот колосеум во кого за свое задоволство Римјаните, чиј суров менталитет го наследи бриселска Европа, ги фрлаа робовите во устата на ѕверовите. Како што сега нас бриселска ЕУ нè фрла како робови во устата на нејзините балкански предатори и кербери Грците и Бугарите до коска фашисти. И пак е незаситна таа, а има и други усти отворени за гибел на Македонците. Да. И што ми е на крајот поентата, важна и најважна, драг читателу. Тоа, дека Евреите се изборија за обелоденување на својата трагедија. Тие во тоа имаа адут и како избран народ, иако апостол Павле во своето Второ послание до Солуњаните, во Новиот завет, вистинскиот божји, имено на македонските христијани им се обрати со зборовите дека тие од почетокот се родени за спасение на светот. Но оваа цивилизација не сака спасение туку катастрофи и смрт. И на крајот и ќе умре. Време ѝ е. А ние, драг читателу, иако по многу нешта од културно-цивилизациски аспект сме самото срце на Европа, облагородено со Истокот, е крајно време, оти многу и задоцнивме, да бараме и други патишта за нашата физичка и духовна егзистенција, надвор од неофашистичката кон нас Европа. Ама не мислам дека сегашната наша влада има доблест и храброст да го направи тоа и, во улогата на апостол Јован и Марија од Назарет, да нè симне од крстот на европската Голгота. Оти треба допрва македонските невести да зачнат таков јунак. Како Гоце и Сандански. Nocturno. De profundis. Memento mori.
ЕФТИМ КЛЕТНИКОВ