Евангелие според Гијом Аполинер… летна шема

Потсвесната мотивираност на соништата и менталните слики што секојдневно се игнорираат и потиснуваат се претпоставената рамка во која навидум пасивниот ум опстојува како во динамичен вител од асоцијации и симболи на одживеаната стварност, пресоздавајќи и интерпретирајќи ја во форми на супериорна реалност, како креативен чин, психолошки автоматизам, чист диктат на мислата без морални или естетски обврски. Надреализмот тежнее да ги обедини сонот и реалноста во еден вид апсолутна реалност. Така размислуваат и подвлекуваат Бретон и дружината во првата половина на минатиот век.

Кога човекот посакал да имитира одење измислил тркало и така несвесно стигнал до надреализмот – луцидно постулира Гијом Аполинер, вклучувајќи се во расправата за ослободување на креативниот ум. Поткревање на критичко параноичниот делириум на степен на медиум, заговара екстравагантниот Славадор Дали, антиципирајќи ја несвесно денес популарната и раширена технолошката иновација, позната како Фотошоп /и на неа слични/.

Денес надреалноста не е повеќе дистанца од стварноста. Нејзиниот онтолошки статус е дестабилизиран и делумно променет. Погледнато од повеќедецениска временска перспектива, во која настаните се одвиваат молскавично, можеби најбезболно и најпожелно бретоновското поимање на надреалното да го третираме како ехо и аспект на исклучителна фаза во развитокот на цикличната виртуелна историјата на светот. Денес кога медиумите го преземаат приматот врз контролата на сублимираната /од нив самите/ реалност, во која објективните содржини се компримирани и изрелативизирани до степен на општи места на егзистенцијална рамнодушност и индиферентност, таа /надреалноста/ не е повеќе отклон од стварноста, туку терминален симптом на преголема близина и проголтаност од артифициелната медијализирана стварност.

Денес уметникот /секој е денес уметник „за себе“/ несвесно и без своја волја е трансформиран облик на чиста апстрактна егзистенција, која во најголем дел е вмрежена и претставува семиотичка функција на комуникациските медиуми. Со жица врзан за очите има на располагање и неограничен простор исполнет со „безброј надреални призори“, содржини и информации, кои со помош на алатките на високотехнолошките достигнувања треба само да ги „облекува и пресоблекува“ по своја волја, вградувајќи ја својата креативност во медиумската интеракција.
Во услови на апсолутна медијализација на стварноста, синхронитетите на смислата на уметничкото дејствување најчесто ги детектираме во динамиката на настаните и содржините од нашето секојдневие, исполнето со шокантна непредвидливост и неверојатна густина. Дали навистина сакаме да се бориме со нешто попаметно од нас и што не е како нас во нашиот сопствен свет?

Вештачката интелигенција никогаш нема да ја замени човечката интелигенција, во најдобар случај ќе биде само бледа копија на човекот. Многу е веројатно дека таа ќе промени многу работи во општеството на добро или на лошо. Затоа мора да најдеме одговори на прашањата дали овие промени се морално добри, дали се општествено праведни и дали го прават животот подобар и повреден за живеење.
Во вештачката интелигенција, АИ, невронските мрежи се системи што се слични на човечкиот мозок во начинот на кој тие учат и обработуваат информации. Тие ѝ овозможуваат на вештачката интелигенција да учи од искуство, како што тоа би го направило едно човечко суштество. Ова се нарекува длабоко учење. Машината може ги подобрува своите способности преку грешки и да го менува начинот на дејствување во идните активности, слично како што луѓето и високите видови животни се учат врз основа на обиди и грешки!

АИ е навлезена во нашиот секојдневен живот и преку многу технолошки достигнувања: паметни телефони, видеоигри, роботи, дронови и сл. Иако многу луѓе сметаат дека овој изум е добра идеја, други не се сосема сигурни во тоа. АИ може да се употребува во здравствениот систем со цел подобрување на дијагностиката, мониторирањето и негата на пациентите. Таа, исто така, може да биде полезна во сообраќајот (автомобили без управувачи), во авијацијата (светлосни симулатори) или во вид на роботи што можат да имаат разни корисни намени. Денес, во големите и богати болници роботите се користат при сложени хируршки зафати.

Всушност, АИ е измислена уште многу поодамна, во 1960-тите, кога научниците ги учеа компјутерите како да го имитираат (копираат) начинот на човечкото одлучување. Ова се разви во истражување на таканареченото „машинско учење“, во кое роботите беа научени да учат и да ги паметат своите грешки, наместо едноставно да го копираат она што им е дадено како информација. Притоа, алгоритмите играат голема улога во машинското учење бидејќи им помагаат на компјутерите и на роботите да знаат што да прават. Со цел на уште поголемо подобрување на ова машинско учење, научниците им вградија на машините/роботите разни сензори, да можат да видат, слушнат, вкусат или „почувствуваат“ слично на луѓето и да се приспособат како ќе се однесуваат зависно од овие информации. Така, колку повеќе технологијата напредува, толку подобро роботите ќе бидат способни да ги разберат реалните ситуации и да ги проценат своите одговори.

Но вештачката интелигенција никогаш нема да ги замени луѓето, иако постои одреден фактор на ризик т.н. длабоко учење. Машината може да ги подобрува своите способности преку грешки и да го менува начинот на дејствување во идните активности, слично како што луѓето и високите видови животни се учат врз основа на обиди и грешки!

Дали креативноста доаѓа (постои) однатре или тоа е вештина што може да се развива?

Идејата во креативниот процес не е доволна, таа е само појдовна точка. Секој може да има идеја, не секој може да ја изведе. Затоа авторството го добива изведувачот.

Но… постои и нешто што се нарекува љубов, а не логика, нешто што во постоењето внесува значење и го поттикнува човекот да се бори и трансформира со злото и страдањето, наместо да обмислува и да смисли објаснување зошто постои….