Албанско-израелски синдром

Омразата е посилна од љубовта. Таа не се заборава, жешти. Тие што мразат и од гроб зборуваат – „мразам“! Немој да станеме израелски синдром – ете, тоа е мојата порака. Албанија му е пријател на Израел (спасување Евреи), па и Македонија, но некои, потенцирам некои Албанци, особено млади, се вљубуваат во омразата. Нашите вријат. Некој буцка. Некни млади Албанци влегоа во екстаза за „слава на знамето“. Какво знаме, бре!? Тоа е изблик на омраза, омраза заради омраза – израелско-арапски синдром. Религија на омразата!

Албанско-израелски синдром

Мислите дека овој наслов е апсурдно-постмодерна бесмислица. Не баш, причекајте. Двата збора се важни за мене, а и за вас. Израел што плива во арапскиот свет е пекол. Омразата помеѓу нив е кошмар. Арапите сега ги мразат Евреите повеќе одошто го сакаат Господ. А и меѓусебно. Израелците – не помалку. Од омраза нема враќање. Мир? – Ајде ве молам. Штом ќе соберат сили, Арапите повторно ќе напаѓаат, напаѓаат… до бескрај. А Израел – како пирана, каса ли каса. Како змивчиња. Без отров, нема живот! Омразата е посилна од љубовта. Таа не се заборава, жешти. Тие што мразат и од гроб зборуваат – „мразам“!

Омраза заради омраза

Немој да станеме израелски синдром – ете, тоа е мојата порака. Албанија му е пријател на Израел (спасување Евреи), па и Македонија, но некои, потенцирам некои Албанци, особено млади, се вљубуваат во омразата. Нашите вријат. Некој буцка. Некни млади Албанци влегоа во екстаза за „слава“ на знамето. Какво знаме, бре!? Тоа е изблик на омраза, омраза заради омраза – израелско-арапски синдром. Религија на омразата! Но, помислете – има акција и реакција. Ќе се создадат нови бранители. Зар мислите така ќе помине? Познавам некои наострени како ајкули. Без нив, сатанизмот ќе нѐ згазеше. Нашите власти ги понижија бранителите како пци. Тоа е „фала“ за жртвите. Но пак ќе затребаат. Не дај боже, не дај! Лесно е да се колеме како свињи, како Тутси и Хуту, како Босна, Хмељницки, како Козаците и Татарите, израелско-арапски синдром. А после од болест ќе изумреме. Има подготвени агенси. Извинете што ќе кажам: Арапите се „џилитат“ и ракетираат кога се силни, а кога ќе ги затепаат – плачат по медиумите, а плачат и нивните „пудлици“ – Обединети нации, Европа, а богами и ние. Народот нивен мизерува, а лидерите се милијардери (познато, зар не?). Ајде, опаметете се!

Овде сите сме „генетска салата“

Во 1443 година Скендербег (Кастриоти), во текот на кампањата Јанко Хунијади против Отоманите, на 28 ноември го дигна знамето против Мехмед II, кој не можеше да го победи. Всушност, тоа е знаме на Римската Империја, но потекнува уште од Месопотамија и Хититија, а во средниот век освен Албанците, го прифатиле Селџуците, Србите, Русите, Бугарите и шкотските масони (Scottish Rite). Повторно го вовеле имигрантите Фаик Контиса (од Брисел) и Керим Панарити (Бостон). Една теорија вели дека Албанците мигрирале од Кавказ – „Кабала“ северно од реките Кура и Аракс – сега територии на Азербејџан и Ерменија (хеленски, римски и ерменски извори). Страбо (грчки историчар) набројува 20 племиња. Персијците им наметнале зороастризам, а во 2 век мисионери од Ерусалим донеле христијанство, а потоа и Ерменците. На крајот ги освоиле Русите. Не е јасно како мигрирале – има номадски теории (преку Иран итн.) или раселување од Отоманите, но веројатно „двете Албании“ се сепаратни ентитети. Исламот го донеле Османлиите на Балканот и Албанците овде ги нарекле Арнаути и Аманати, но секогаш останал конфликтот (па дури и денес). Доста отишле по планините каде што Турците не сакале (како и во православните територии). Највисоко оделе Власите, кои останале христијани, но некои се асимилирале. Втората теорија (по мене поверојатна) е дека се автохтона популација, која овде живее уште од антички времиња. Почнува со илирски племиња – Албанои, Ардиеи, Партини, потоа кралот Бардилис. Огромни се влијанија од мешања и војни – Хелени, Македонци, Картагинци, Рим, Венети, Византија, Нормани, Темплари, Хуни, Авари, Срби… Овде сите сме „генетска салата“. Неодамна – и Австро-Унгарија, Италија, Англија и Америка. Лорд Бајрон е веројатниот пренесувач на американската масонска идеја (Алберт Пајк, Манцини) за револуциите во Италија, Албанија, Македонија и Турција. Историските конфликти во 19 век со Турците, Бугарите, Србите и понегде со Македонците биле многу жестоки. Државата Албанија е формирана во 1913 година, со влијание на Австро-Унгарија како „антитежа“ кон Србија, Русија, но и западните сојузници. Жестоки се и конфликтите во Втората светска војна – Ес-ес – планинска дивизија – Бали комбтар. Веројатно тоа е најголемата историска лузна што донесе до оваа ситуација. Југославија вештачки доселуваше Албанци во Косово и во Македонија (Тито, Крајачиќ, па и наши функционери).

Создавање етнички партии е фатална грешка и база на сегашната мизерија

Распадот на Југославија е божем системски прогрес, но националшовинистички регрес. Се појави огромна меѓуетничка омраза, егзорцистички конфликти, странски интервенции (нова демократија), бедни предавства (ЈНА, УДБА, КОС, политички фактори), брутална приватизација, пљачка, жесток шовинизам до фаши-нацизам, војна, касапење, садизам… За една работа се согласувам со албанските националисти – во време на комунизмот, но и во посткомунизмот многу малку од нив беа професори, доктори и на висока положба. Вештачки решенија беа т.н. „балансер“ и „Бадентер“ (подоцна со обратен ефект) и создавање политички партии со етнички предзнак, мислам дека е фатална грешка и базата на сегашната мизерија. Исто и Уставот – грешка е што направивме имитација на југословенскиот од 1974 година: етничка папазјанија, па сега до бескрај се давиме во етнички права, јазици и апсурди.
Извинете, ама тие етнички партии се чист шовинизам и лице на ѓаволот. Од нив има само беља и омраза. Дали во некоја европска земја има етнички (шовинистички) партии? Извинете уште еднаш – етничките партии (албански, македонски итн.) не ги гледаат интересите на својот етникум – туку „џебот“ (криминал, профит). Овој крш во Тетово и нешто во Скопје е меланж на омраза, вандализам, амазонски каниблизам, примитивизам, ретардираност, домашен имбецилизам, интервенционизам (служби) и садистичко-сатанистички ентузијазам што го увезуваме однадвор. Тоа е вид „интифада“, која ќе води кон „кристалната ноќ“ и „ноќта на долгите ножеви“. Странските медиуми ќе кажат „сироти демонстранти, ги тепаат…“ ааааа – па, тоа е целта! Партиите (наши и албански) веднаш се фатија за врат и се дават меѓусебно, што е уште поголема мизерија. Таква омраза и садизам се појавија за жал во израелско-џихадистичкиот конфликт и, по мене, таму нема лек. Немој, ве молам немој да влеземе во иреверзибилна фаза од која омразата нема излез.

За проблемот на ДУИ

По мое мнение, треба да се утврди едно прашање: Дали постои организиран криминал кај нив или не? Да се вклучат и меѓународни инспектори. Организираниот криминал опфаќа релации (политички, разузнавачки, воени) со мафии (албанска, македонска, српска, босанска, турска итн.), трафицирање на дрога, која е смрт за Македонија, но и за САД и ЕУ, каде што, според ФБИ, албанската мафија го води целиот кокаин и третина од хероинот во светот. Тоа се трилиони долари. Потоа – проституцијата, трговија со луѓе, оружје, лекови, храна, органи, нуклеарни материјали итн. Сето ова поминува и низ Македонија. Ако ДУИ не е инволвирана во тоа – тогаш треба да се вклучи во владата поради голем број гласови (па, дури и заедно со другите албански партии во некој договор). А ако се инволвирани во дрога и организиран криминал – треба да ги нема, земја да ги проголта, Господ да ги уништи – анатема! Во Македонија неофицијално во училиштата во секој клас просечно има по едно дете наркоман. Официјално – 9 отсто од луѓето некогаш зеле дрога (марихуана, амфетамин, екстази, хероин, кокаин). Околу 30 отсто од нив добиваат сида. Неофицијално (од професионални лица) велат дека 18 отсто од кокаинот поминува низ Македонија. Трафицирањето – не е можно без инволвирање на службите (полиција, агенции). Наркотрафицирањето се поврзува со псевдорелигија (џихадизам) и насилства. Носи пара! Никој не споменува „мафија“ кај нас. Може да е страв, а може и соучество. Органите и политичарите мора итно да го решат проблемот со интифадата. Ако си останат „пудлици“ и „подлизурковци“ на џихадобандитите – сите сме готови! Следниот чекор на бандитизмот е – неонацизам и поголеми судири. Ќе се повторуваат и ќе се повторуваат! Во светот постојат специјални единици за борба со нив. На пример, во САД во 1980-тите, во Орегон неонацистичка група окупирала град. Пратиле специјална единица и „нацистите“ едноставно ги снема. Ни медиуми, ни збор. Исто така, во Србија, по убиството на претседателот Ѓинѓиќ, специјалци ги ликвидираа бандитите. За жал, има рецидив. Најјаки специјалци има во демократијата. Но исто е и за бандите. Така работат западните служби, така работеа и УДБА и ФСБ. Не ви се допаѓа? Тогаш нека ве толчат и понижуваат џихадобандитите. Ние сме „алегро ма нон тропо“. Меки. Треба посилно да се удри!

Децата што беа облечени во УЧК-униформи – ги жалам!

Децата што беа облечени во УЧК-униформи – ги жалам! Тоа се идните ИСИС, Хезболах, Хамас и – прерани мртовци. Моите сугестии се интегрални од општото и личното мнение. Тоа вклучува: поголема агилност на полициските служби (не се доволни) – превентивно и оперативно. Обвинителството е гниеж. Да се оперира! Укинување криминални и шовинистички партии. Мислам дека сите покрај македонскиот јазик, добро е да учат албански – но не со присила. И јазици на други етникуми – вредат. Меѓуверската комисија добро работи, но треба уште поактивно. Медиумите имаат гигантско значење (и во смирување и во разгорување на состојбите). Законодавство – веднаш да се дополни до комплетно европско, плус специфично за нас. Многу е „заспано“. Промена на Уставот во правец на граѓански устав – најдобро по Уставот на САД. Немилосрдно апсење на наркомафијашите и другите меѓународни криминалци (извинете – тоа е нула, срамота). Барање потекло на парите по меѓународни стандарди и методи. Строга забрана на опијатите (сингапурски метод). Смена на функционери, смена на градоначалникот на Тетово (сигурно е инволвиран, ај да не бидеме бебиња) со компањоните, а и други – во Скопје состојбата на мафијаштвото (нарко-градежно-медицинско-трговско) со екосанитетско-хигиенската состојба се трагични. Во школите да има нешовинистички класови (мешани), детски клубови – за сите, спорт, култура, забави, учење, приредби, влијание и обука на родителите. Секој шовинизам да биде санкциониран законски (во најмала рака како што беше решено во Југославија). Ако не се спроведе тоа, тогаш – чао Европа, бонжур Евровизија!

Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио