Албанскиот влог во македонскиот геноцид

Насловот на нашата денешна колумна, драг читателу, е актуелен повеќе столетија, а во некоја божем софистицирана форма неговата содржина е присутна и денес, иако од петни жили се трудиме, особено Македонците, да го одржиме на подносливо ниво меѓуетничкиот соживот. Насловот на колумнава дирекно го иницира вехементниот антимакедонски говор на водачот на ДУИ, Али Ахмети, а по повод прославата на Охридскиот рамковен договор. Во него тој без заобиколување кажа, истурајќи ја киселината на македоноомразата, дека Македонците со сомнителен идентитет се судбински осудени на исчезнување од историската и мемориската сцена на цивилизацијата и светот.
Поимот идентитет, особено македонскиот, на Али не му е јасен, како и на Бугарите и Грците, на чија темна страст за конечна смрт на Македонците се надоврзува неговиот матен ум. Постојат два вида идентитет за секоја една единка: првиот е колективен, по линија на родот, и вториот е индивидуален, по линија на карактерот, доблестите, маните и господовите дарби на индивидуата со кои е снабдена таа за да се претстави пред другите, но, следствено на тоа, и пред самата себе. Првиот тип идентитет на Али му е јасен: според племето на кое му припаѓа е Албанец, Гег или уште нешто трето и четврто синонимно како што се викаат Албанците. Но со вториот, индивидуалниот идентитет Али има проблем, бидејќи никогаш не влегол во храмот на Делфи под неговиот натпис на вратата „Спознај се себе“, никогаш немал талент и смисла за саморефлексија да слезе во себе и да види кој е и за што е, зошто дошол на овој свет, за добро или за зло итн. Ѓорѓи Марјановиќ, Дон Кихот на македонската демократија, која никогаш не заживеа, на времето кога Али почна да ги демонстрира своите деструктивни квалитети, пишуваше во „Дневник“ дека „тој (Ахмети н.з.) дошол од Швајцарија со некоја деликатна психодијагноза, која, како што гледаме, ја лекува во Македонија и на сметка на Македонците, за кои тој секогаш ќе остане терорист“. Терорист не само во терористичката 2001, која во корист на неговата ОНА беше отворено спонзорирана.
Холокаустот, кој патем не беше само еврејски, туку и на Ромите, Полјаците и другите, но Евреите како генијални митомани, кои си го приватизираа старозаветниот бог, го приватизираа и холокаустот.
Мала дигресија, ме знаеш, драг читателу, но во такви теми како нашата денес сакал-нејќел дигресиите се неодминливи. По куса пауза, за да погледне малку во себе тој, се враќаме на Али, кој, рековме, засекогаш во меморијата на Македонците, но и на чесните Албанци (!), ќе биде запаметен како терорист par excellence. Тој во улога на пророк дури се потруди и да го одреди тој убав и танатосен ониристички датум, па го стави, ако не се лажам, некаде кај 2017/2018. Веројатно имал некои информации, најверојатно од Вашингтон, за катастрофата по Македонците во Преспа/Нивици во јуни 2018. Да. И неговиот претходник Арбен Џафери во сè го надминуваше Али, во умот, интeлигенцијата, политичката вештина и тактилната соработка со сојузниците од кои беше ценет. За разлика од Али, кој е спротивното од Арбен: неговиот ум и „интелигенција“ не ги ценат надворешните албански сојузници од Брисел и Вашингтон, но ценат што тој е брилијантно употреблив, како што ги направи такви да бидат и Албанците што се покажаа апсолутно неблагодарни кон Македонците, кои во 1999 година бегајќи од НАТО-бомбите што сееја смрт не само за Србите туку и за нив се истурија над 400.000 во Македонија, која им го отвори срцето. Богатите, пак, нации 19 на број што сееја цели 78 дена српска смрт не примија во закрила ни еден албански бегалец. Нив ги интересираше само геополитиката (варварството) да создадат на српската митска подлога држава-дивоградба за свои цели, пред сè американски. И го направија тоа. И Албанците не им останаа должни на Македонците за нивното отворено срце кон косовските бегалци. Но како. За тоа возвратија со тероризам во 2001 година, симболички, за сè да биде во ред, дојдени од Косово. На Македонците со онаа идиотски смислена формула од варварите од Запад, „пропорционална употреба на сила“ им беше забрането и да се бранат.

И така, драг читателу, западните „цивилизациски“ вредности потоа Али и неговите терористи ги доведоа и во владата и парламентот на младата и кревка, одвај застаната на нозе, македонска Република. Следуваше присилно наметнатиот на Македонците капитулантски Охридски договор, па апартхејдниот Бадинтер за укинување на демократијата на владеење на мнозинството, територијалната поделба на вештачко создавање чисти албански територии, па на крајот и тиранската платформа подготвена од ЦИА за двојазичност, со што целосно се урна суверенитетот на државата и докрај се понижија Македонците. И сето тоа беше за тие што знаат и имаат ум и душа брза подготовка на доисцрпување на историскиот елан-витал на македонскиот народ и на гаснење на неговиот нагон за постоење. Сè смрдеше и сè мирисаше на геноцид. Отпосле видовме дека тоа биле завршните подготвителни работи на цивилизацијата за конечен отстрел на Македонците со кои, посебно во поновата историја, таа, почнувајќи од Берлинскиот конгрес 1878 наваму, еве столетие и половина вложувала макотрпен садистички труд. И дојде денот и наградата за ТОЈ труд: идентитетскиот геноцид на Македонците во Преспа 2018, на кој, како што гледаме од неговиот последен рамковен говор, толку многу му се радува и Али, донесен со неговите други терористи во владата од Американците. Тука тие фактичкиот физички тероризам од 2001-та сега само го заменија со политички тероризам, иако, рака на срце, и со помош не само на Вашингтон и Брисел туку и на македонските изроди. Но не беше отсутен и физичкиот тероризам на албански групи во циклуси, како Смилковско Езеро, Диво Насеље итн.
А што се однесува до Македонците, нивната генеза и идентитет, Али нека не се грижи за тоа. Туку колку да знае: историската ситуација отсекогаш со нив е староседелци – дојденци. Првите, како што е познато од историското и културно-цивилизациско искуство, редовно го демонстрираат СЛОЈОТ култура, а другите слојот варварство, комплементарните слоеви на секоја цивилизација. Да, драг читателу, а како што е познато културите секогаш и без исклучок страдале од варварите, умот, интелигенцијата и генијот од мускулите и нагонот за деструкција. Варварите отсекогаш биле уништувачи на благата на духот и на цели народи за свое лично задоволство. Нивната дива ведрина на битието и го натерала Ниче да мисли дека тие се посреќни луѓе од луѓето на културата. Од тој аспект и во тој контекст може да се посматра и историската и културно-цивилизациската судбина и на Македонците.
„Според османлискиот попис од 1430-1431 година, во Македонија нема ни еден Албанец“ (Драган Поповски-Стојнин), што знaчи дека тие никогаш пред тоа не живееле тука, на овие простори, ниту се некакви наследници на пелазгиското племе Илирите, нов конструкт на нивните историчари и политичари за да го оправдаат големоалбанскиот проект Илирида. Албанците со терор ја колонизираат Западна Македонија во првиот нивен налет по доселувањето од Кавказ во 1780–1840 г., а со цел за создавање чисти албански територии. И таа нивна агресија како преодна етапа кон деструкција има СВОЈ континуитет и во дваесеттиот век. За варварскиот метод на Гегите-Албанците за просторно ширење има напишано една цела книга рускиот славист од светски глас Селишчев „Словенското население во Албанија“.

Неа ја има во Универзитетската библиотека и може да ја прочита Али, сеедно што авторот не е Американец туку Русин. Во неа Селишчев пишува како Гегите номади се спуштале надолу од планините на Северна Албанија, ништејќи го во циклуси словенското и влашкото население што живеело на југ и се занимавало со земјоделство, занаетот на сите цивилизации на културата, кои биле насекаде редовна жртва на агресивното номадско варварство. Така, со тој метод од година на година, од деценија на деценија Гегите стигнале и во Река и Мијачијата во Западна Македонија, каде што, и со амин на Турците, со терор масовно било албанизирано домородното македонско население. Тоа било албанизирано по верска или јазична основа за спас од јатаганот на Гегите. Така едни го прифаќале исламот, а го зачувувале јазикот, а други го жртвувале јазикот за да ја зачуваат христијанската вера (Шкретите). И тоа е дел од македонската судбина за опстој. И првиот стих „Пискотници се слушаат од Галичник во Река“ од „Сердарот“ на Прличев драматично сведочи за тоа.
Да. И така со тие циклуси на варварско насилство, за да не згасне континуитетот, и стаса 2001-та од Косово Али со својата чета под Шар Планина во Тетовскиот Регион да ги допроширува албанските територии на замислената Илирида во Македонија. Тоа го кажа и чесниот во таа смисла Арбен Џафери, дека тој крвав потфат на Гегите не бил за човекови права туку за територии. На страната на таа и таква крвава терористичка борба, пак, застана и „демократскиот“ Запад на Вашингтон и Брисел. Особено Американците, кои ги маркираа Албанците на Балканот, онака како што го направија тоа и Османлиите, за услужна дејност. Американците, за спроведување на нивната позната стратегија на контролирани немири, а по потреба и да излезат од контрола надвор. Итн. Туку она што минува глуво кај слепата политичка елита на Македонците е и геноцидната асимилација на Албанците на македонската идентитетска меморија со албанизирање на македонските топоними. Тоа беше како закон императивно да се прави посебно акцентирано и на вториот состанок на Призренската лига во 1943 година, за време на фашизмот на чија страна застана Албанија. Имено, денес се случува пред наши очи преименувања на училишта, плоштади и други топоними од македонски во албански. И тоа се геноцидни потези од идентитетски тип. Нешто што го работат Али и неговите по теркот на Грците, кои за таа цел да се затре сè што е македонска меморија донесоа во 1926 г. и специјален државен закон за целосно, до последен камен, менување во грчка на македонската топонимија во Егејска Македонија. Сега со таква слична намера, служејќи се и со апартхејдниот Бадинтер, се и „поамериканизираните“ агресивни албански политичари. Професорот Цветан Гавровски на таа тема објави во книгата „Само Македонија“ на Македонски манифест текст со стотина примери на албанизација на македонски топоними. Можеби најдрастичен меѓу нив е менувањето во Ростуше на училиштето „Ѓорѓија Пулевски“, еден од најголемите ликови на македонската преродба, во името на локален бизнисмен „Хајни Селмани“. Тоа е сарказам на понижение на Македонците, но истовремено срам и понижение и за чесните и интелигентните Албанци.

Потоа следуваат уште многу такви примери што ги забележал во својот текст акрибичниот професор Гавровски. Еве за илустрација на тоа етничко бескрупулозно дивеење само уште неколку од нив. Училиштето „Никола Вапцаров“ во Чаир е преименувано во „Имре Елези“, загинат припадник на терористичката ОНА (О, драг Вапцаров, за тоа ли се бореше ти?), а училиштето „Рајко Жинзифов“ сега е „Исмаил Кемали“, дипломат и политичар од Албанија (О, Рајко, Рајко, па и јас по ова ги повторувам твоите меланхолични стихови/малку импровизирам: „Шчо направихте книги вие многубројни за тажниот ми мој народ“).
Доволно е и болно е, драг читателу. И сето тоа ме потсетува на една мисла-јанѕа на Милан Кундера: „Првиот чекор за да се уништи еден народ е да му го избришете сеќавањето. Уништете му ги книгите, културата, историјата и тој набргу ќе заборави што е и што бил“. Така е тоа. А што се однесува до македонскиот идентитет, сепак нека спијат мирно Али и неговите команданти. Тоа е идентитет што истрајал милениуми за да нè донесе и оваа генерација Македонци на овој простор и на ова дереџе опколени од непријателски соседи што ја сонуваат секој ден македонската смрт, без да се свесни дека Македонците како Исус знаат и од смртта да создаваат живот. А што е уште важно за македонското име? Колку и да се краде насилнички тоа, за него сведочи и највлијателниот религиски и антрополошки документ на западната цивилизација и пошироко Библијата. Тоа е име изговорено директно од устата на Господ. Тој лично ставил царски печат врз него и знае чие е и кому му припаѓа.
Уште ова за крај, драг читателу: јас и ти ѝ даваме предлог на новата влада да се позанимава сериозно со варварството поврзано со преименување на македонските топоними во албански и итно да донесе закон за забрана на оваа перфидна идентитетска поморија, која веќе зема замав на катастрофична поплава. А ако тоа не го стори таа, срам и арам да ѝ е. Толку можеме да кажеме. И уште ова во контекст на травматичната тема на колумнава.

Раселовиот суд основан од британскиот филозоф, математичар и хуманист Бертран Расел, а со кој претседаваше францускиот филозоф и писател Жан Пол Сартр кон средината на минатиот век, се зафати со истражување на геноцидите на светот посебно предизвикани од западната евроамериканска цивилизација. Истражувањата на судот од тоа се објавени во еден обемен том од околу 500 страници во Стокхолм. Потоа овој еминентен суд за воени злосторства и геноциди, колку што ми е познато од сигурен извор, драг читателу, се зафатил и со сериозно истражување на геноцидот над Македонците и Ирците, обележани од него како најголеми и најтрагични геноциди во Европа во дваесеттиот век. Но за жал до нас, и поради незаинтересираност за сопствената судбина, не стигнаа тие документи. Веројатно и не успеал судот да ги финализира тие свои истражувања. Сеедно, јас сум во потрага по нив. Книгата за Виетнам ја набавив. Сепак, јасно е дека во тие истражувања станува збор, покрај за грчкиот и бугарскиот, и за албанскиот геноцид врз Македонците, кој не заостанува зад овие двата. Али и неговите треба да се преобразат во нешто светло, широко и хуманистичко. Да се откажат од својот нагон за варварство, приграбувајќи го во замена нагонот за култура. Таа преобразба Фројд ја дефинира како сублимација, преведување на киселината во блажина, на злото во добро, на грдото во убавина, на темнината во светлина.