Годините минуваат, ние стоиме

Синдромот „варена жаба“ е израз што се користи за ситуација кога некој живее во услови што се тешки, неприфатливи или неиздржливи, но личноста не го забележува тоа, затоа што во таквата ситуација стигнала постепено, чекор по чекор, степен по степен, навикнувајќи се полека на неа

Дали сте слушнале за синдромот „варена жаба“? Дали некогаш сте се запрашале што се случува со жабата кога ќе ја ставите во вода и полека ја подгревате? Ако не, сега ќе имате шанса да го дознаете тоа, а ако да, нема да ви штети уште еднаш да си ја повторите материјата.
Синдромот „варена жаба“ е израз што се користи за ситуација кога некој живее во услови што се тешки, неприфатливи или неиздржливи, но личноста не го забележува тоа, затоа што во таквата ситуација стигната постепено, чекор по чекор, степен по степен, навикнувајќи се полека на неа.

Тоа приближно изгледа вака: ја ставаме жабата во сад со вода, го ставаме садот на шпоретот и полека го загреваме. Тоа е исто како да подгревате некое јадење. Како што водата ќе станува сѐ потопла, така и жабата ќе ја зголемува својата телесна температура, за да се навикне и приспособи. Но, откако водата ќе почне да врие, жабата веќе нема да биде во состојба да ја контролира телесната температура и ќе се обиде да скокне надвор.

И што се случило? За жал, жабата веќе ја потрошила сета своја сила додека се приспособувала, чекајќи да види што ќе се случи. Жабата умира во зовриената вода не правејќи ништо. Таа не успева да се спаси и да преживее, бидејќи не реагирала навреме. Не скокнала надвор кога требало. Туку само чекала. Таа ја потрошила сета своја сила додека се обидувала да се адаптира на околностите и во критичниот момент не успеала да скокне за да си го спаси животот, зашто веќе било предоцна.
И… дали ова ве потсетува на нешто? Дали наоѓате некаква сличност помеѓу себеси и жабата? Дали и вие стигнавте до точката на вриење? Дали и вие трпите или сте подготвени храбро да скокнете надвор од ситуацијата што ве мачи?

(www.nedeljnik.rs)