Или Европа како цивилизациско чудо и варварство
Во контекст на она за што го зборува Достоевски е некако заобиколена микровистината за другите словенски народи. Односно во неговиот концепт Русија зазема толку крупно место што ги засенува во катастрофалната закана преостанатите словенски народи. Особено меѓу нив и Македонците, кои први целосно, со идентитетскиот геноцид, го искусија бруталниот удар на антисловенскиот и антиправославен чекан, како што би рекол рускиот писател, на варварска Европа, сега во амалгамска синтеза со каубојска Америка, кон која е апсолутно импотентна, без трошка тестостерон и еротска ерекција, која значи автентичен живот и постоење. Да беше жив Достоевски, драг читателу, сигурно ќе ја сфатеше трагедијата на православието и словенството во Преспа, која е пример par exellens на модерното евроамериканско, западно варварство. Всушност и „Големиот инквизитор“ во „Браќа Карамазови“ е еден вид слика, пророчки претчувствувана од него за денешната корпорациска глобализација на западните моќници.
И, иако во неа е вглобен католицизмот, католичката црква, таа е во овој контекст само една проширена метафора на западниот либералкапитализам денес, чија лакомост не само што ќе ја истошти планетата, црпејќи ги безмилосно нејзините материјални ресурси туку ќе ги убие и сите доблести и морални вредности, ќе ги опустоши човековиот дух и душа.
Бескрајна е таа тема, драг читателу, на релацијата Достоевски и Европа, затоа што е широко контекстуална во однос на цивилизацијата и човекот, па и во однос на Македонија, која колку што мене ми е познато Достоевски нигде не ја спомнува во своите размисли иако, имено, таа ја христијанизира Русија со свештеници од Охридската архиепископија, поканети за таа специјална мисија од царот на Киевска Русија Владимир Киевски во Киев. За тој факт, да не речеш дека го измислувам во национална екстаза, драг читателу, говорат, пишуваат и познати руски слависти.
Плус со свештениците од Охрид во Киев, заедно со нив, дошле и македонски архитекти, храмостроители, кои ја изградиле првата руска православна црква. И сè тоа не е случајно, бидејќи една од повеќето жени на Владимир Киевски била Македонка, роднина на Самуил. Таа му ги родила синовите Борис и Глеб, првите руски христијански светци и мартири, кои се прогласени за заштитници на руското небо. Ако, пак, знаеме дека уште двајца Македонци, светите Солунски Браќа Кирил и Методија, се заштитници на европското небо, на кои таа улога им е доделена со посебна енциклика на папата Војтила, Јован Втори, тогаш ќе дојдеме до еден страшен, типично македонски парадокс. Имено Македонците, кои со Кирил и Методиј и Глеб и Борис се заштитници на европското и руското небо, сега се доведени во ситуација да немаат одбрана на сопственото небо.
Тоа со одлука на македонската недоветна влада на квислингот Заев сега да го бранат Грците, грчката хиена, која со Букурешкиот договор од 1913 година голтна 52 проценти од целокупната македонска територија, исчистувајќи ги притоа Македонците со евроамериканските бомбардери од родните огништа и докусурувајќи ја и сега со амин на Вавилонската ороспија светата земја на христијанството. И Македонците сега, не само по вина на својата малодушност и ослабен нагон за постоење, туку пред сè по вина на варварството на западната евроамериканска цивилизација во Преспа беа, со една божем „демократска“ цивилизациска операција, идентитетски ликвидирани, ставени во мртовечки ковчег и впрегнати во погребна процесија. Можеби ковчегот сè уште не стигнал до гробот, да се спушти во него и затрупа со калта на цивилизацијата, но патува кон него.
Тоа и така. Не знам дали нешто знаел Достоевски за влогот на Македонија во руската цивилизација и култура, оти и Владимир Путин му рече на нашиот бивш претседател Иванов дека писменоста на Русија ѝ доаѓа од Македонија. Но Иванов потоа го урна рускиот план за во Обединетите нации во врска со идентитетската ликвидација на Македонците, со што по тој чин застана рамо до рамо со Зоран Заев, безмалку како негов близнак. Ако грешам нека каже. Сеедно. Верувам дека Достоевски на темата за која станува збор во нашата колумна, драг читателу, не бил упатен, за жал, во феноменот и улогата на Македонија и Македонците во христијанизирањето на цивилизацискиот нововековен профил на Европа и Русија.
Во спротивно, мислам дека Македонија ќе се најдела можеби и во самиот епицентар во неговите рефлексии за Вавилонската цивилизациска блудница, таа, пред сè, на Англија, Франција и Германија. Сеедно. Сепак неговата визија дека Русија ќе се исправи и ќе закрепне како светска сила, која ќе одговори енергично на Западната цивилизација се оствари. Нему, разбирливо, за време на животот не му беше јасна Америка, европското копиле отаде океанот, кое ќе го обнови варварскиот елан витал на старата Римска Империја. Инаку, неговите рефлексии ќе имаа поширока цивилизациска апокалиптична димензија. Америка, која има страшен психолошки, хистеричен страв од Русија и која катаден сонува за нејзино уништување. Воопшто за уништување на целиот словенски род, како што го покажаа сега и најновопласираните документи на ЦИА за тој мрачен американски проект во кој перверзно, во стилот „ни лук јала ни лук мирисала“, е вклучена и Европа со Ватикан, Големиот инквизитор на Достоевски. На пророкот Достоевски.
И Русија закрепна, стана светска сила, толку голема што не може, како што мисли Тјутчев, да се измери ни со ум, ни со аршин, туку само со вера која како големи родољуби не им недостига на Русите. За разлика од малодушните Македонци, кои мирно гледаа, завалени пред телевизорите и во кафеаните на ќебапчиња, како му ја сечат, како Ирод на Јован Крстител, идентитетската глава на колективот – Името. Единствено во таа тортура и национална голгота „на висина“ со активноста и енергијата беа македонските квислиншки невладини на Сорос и некои други западни монструми, што истурија толку многу вреќи со долари и евра во жална Македонија. Ние би рекле со тебе, драг читателу, арам да им е лебот што го јадат нашите домашни предавници, па и мајчиното млеко што го цицале арам.
Но тоа не менува ништо. Збор ми е, да не се оддалечуваме премногу од темата, дека закрепната, моќна Русија што ја претскажуваа пророчки, и сонуваа, и Достоевски и Блок се извлече од канџите на агресивната, како што велеа тие, кон Русија, словенството и православието Западна варварска цивилизација. Ама Македонија, прататковината, генезата, праизворот на словенството не можеше. Таа е сега ставена како пепел во мртовечка урна. Ставен е огнот на нејзината меморија, која ѝ беше трн во око на Европа, и сега е целосно дораздадена на околните балкански хиени. Сега засега на Грција, Бугарија и Албанија. Србија сè уште не е вклучена во тој плен. Или нејзе ѝ е ветено нешто пост фестум. Можеби како компензација за Косово. Ќе видиме. Така, се оствари онаа народната: ако не можеш по магарето удри по самарот.
Ако не можеш по Русија, удри по Македонија, по столченото племе (Конески) и дотолчи го, оти впрочем таа е и најважното „чудо“ во цивилизацијата на Словените и словенството. Изворот од кој бликаа словенскиот Дух и Слово. Иако Русија мораше навреме да го предвиди тоа, да реагира навреме, и да се искупи за нејзините кобни историски грешки кон Македонија и Македонците. Путин сега стори колку што можеше, имаше визија и да направи целосен пресврт во однос на трагичната идентитетска ситуација со Македонија, но налета, верувале или не, на карпата Иванов од која се разби бродот на неговата благородна идеја, за среќа на западниот цивилизациски евроамерикански политички монструм и балканските канибали што се хранат сега како мршојадци богато од трупот на идентитетски ликвидираните Македонци.
Но тоа е тоа, драг читателу. Можеш цело столетие, две, три, милениум, два, три да градиш палати на културата, а потоа да дојдат варварите со некоја преспанска, тиранска или каква било друга слична на нив платформа и да ги урнат во краток период, за ден-два, или за година-две нив. Сеедно. Македонија е и најдобар пример за таквата историска слика на преплетување на ритамот на културата и варварството, без кој, за жал, по сè изгледа и не може да опстои историјата, па ни цивилизацијата што се храни од него. Имено, тоа добро го знаеше и Достоевски, кој како и ние сега Македонците, беше лично сведок на навалицата на западното варварство кон неговата татковина. Таа и денес не се доодбранила од него, но е, за разлика од Македонија, моќна да му се спротивстави. И ќе му се спротивстави докрај. Ќе ги реализира пророчките визии за нејзината моќ на Достоевски и Блок. А Македонецот, ме прашуваш драг читателу, барајќи од мене одговор.
Па, еве, не бега, од него, иако е тешко во овие околности во кои се наоѓаме да се даде тој. Еве. Повеќе и од Достоевски за Русија, сум сигурен дека Македонија и Македонците ќе опстојат, иако тие како и Исус се распнати на крстот на цивилизацијата и заклани од нејзиниот иродовски меч за перверзниот танц на нивната Саломе, сега веќе со седиште не во Ерусалим, туку во Брисел. А ќе опстојат бидејќи и апостол, најревносниот Исусов апостол без кој е незамислива цивилизацијата на христијанството, имено по божја промисла беше испратен не во некоја друга европска земја туку во Македонија. Да, драг читателу, иако на сите емисии за христијанството на западниот ТВ-канал „Национал џиографик“, на пример, се избегнува поимот Македонија. Се спомнува првата жена христијанска, Македонка по род, Лидија, која е незамислива без есенцијалниот епитет Македонка, ама без него оти им боде очи на македонските ликвидатори.
Потоа кога говорат за апостол Павле исто така не ја спомнуваат Македонија. Нормално, според нив, тој дошол во Филипи во Грција, и на тој начин ги негираат аргументите и сведоштвото на Светото писмо? Зошто? Затоа што се антихристи. И тоа не го кријат. Напротив се гордеат со тоа како нивна цивилизациска придобивка на поимот Слобода што го злоупотребија. Оти Слобода е, како што мислеше и Достоевски, да се живее во Бог и во Божественото. Оти рече тој: „Ако нема Бог сè е дозволено.“ И во името на тоа отсуство на Бог и Божественото ѝ ја ликвидира идентитетски Македонија, а физички сè уште ја доликвидира со она што останало од неа, оваа безбожна западна либералкапиталистичка цивилизација, драг читателу. И оваа тема што ја начнавме со Достоевски, а силно ја допира и Македонија, е по сè изгледа бескрајна. Заклучокот од неа е дека сепак варварите не се некое и некакво решение како што мислеше грчкиот поет Константи Кавафис.
Решение за уморената и морално и духовно падната цивилизација, која треба да ја освежат и обноват тие. Оти тие како тиранската и преспанската платформа, како платформата на ЦИА и Пентагон уриваат, а не градат. Нивната уметност е уривањето, а не градењето. Македонскиот случај, господине Константин Кавафис, ти кој пееш милозвучно за Александар Македонски како Грк, покажува дека варварите не се никакво решение. Оти, види ги варварствата на Грците кон Македонија и Македонците и ќе се увериш во тоа. А малку на таа тема, седни на маса, и ако не сакаш со Ѓорѓија Пулевски и Прличев, разговарај малку и со Достоевски. Тој не е помал од тебе. Иако не се знае кој од вас е во својот нарцизам повеќе Русин, а кој повеќе Грк. Ама националниот нарцизам на рускиот писател е многу помалку препотентен од твојот грчки, Кавафис.
Толку. Ставаме точка, брег на ова тематско море, драг читателу. До следната наша колумна бескрајно те поздравувам.
(крај)