Фото: Архива

Заврши средбата во Тирана меѓу премиерот на Албанија, Еди Рама и лидерите на албанските политички партии во Македонија.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по оваа средба изјави дека не разговарале за ништо конкретно, освен за заедничката иднина на двете земји во Европската Унија, пренесе ТВ21.
– Братска средба си посакавме една на друга и на сите Албанци нова година. Зборувавме за нашата заедничка иднина на патот кон Европската унија, а не за нешто поконкретно. Ви благодарам! Среќно – рече Тачи.

По средбата, претседателот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари рече дека состанокот повеќе наликувал на вечера за почеток на новата година, пренесе ТВ 21.

Додаде дека разговарало за предизвиците што ги очекуваат нашите две земји на патувањето кон ЕУ и оти го уверил премиерот на Албанија дека не постои албанска партија која е против интеграцијата на земјата во ЕУ и со тоа дека сите се за уставни измени.