Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, кои ја одржуваат сообраќајната опрема на градските улици и булевари, во теков на изминативе денови санираа оштетени заштитни столбови на повеќе локации, особено во централното градско подрачје.
Оштетени заштитни столбови беа лоцирани на улицата Димитрие Чуповски на влезот кон плоштадот „Македонија“, кај Триумфалната порта, на плоштадот „Филип Втори“, на улицата Македонија, како и на голем дел градски сообраќајници.
– Заштитните столбови редовно се санираат и се поставуваат нови по налог на Град Скопје поради зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите, но и за спречување непрописно паркирање на возилата.
Бидејќи истите тие многу често се уништуваат од несовесни граѓани, ЈП „Улици и патишта“ апелира за поголема совесност и да се почитуваат сообраќајната опрема и сигнализација за да се одржи безбедноста за сите учесници во сообраќајот – информираат од претпријатието.