Фото: Нова Македонија

Жичницата на Водно денеска нема да работи поради засилен ветер, соопшти ЈСП Скопје, на официјалната Фејсбук страна.

Од претпријатието информираат дека јачината на ветерот ги надминува дозволените безбедносни параметри, поради што донесена е одлука жичницата привремено да не работи.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен, а штом временските услови се стабилизираат и овозможат безбедно функционирање, превозот на патници ќе продолжи.

Од ЈСП апелираат граѓаните да ги следат официјалните известувања за повторното пуштање во работа.