Средното општинско стручно училиште „Илинден“ од општината Илинден неодамна ги отвори вратите за сите заинтересирани што сакаат да се запознаат со условите за запишување во ова училиште.
На отворениот ден идните средношколци и деветтоодделенците и нивните родители, како и сите други, имаа можност да се запознаат и со квалификациите што ги нуди училиштето, со наставниот план и програма, како и со проектите и изработките на учениците.
Ова училиште ги нуди најсовремените услови за одвивање на образовниот процес, па затоа постои голем интерес кај идните средношколци.
Во рамките на отворениот ден присутните остварија директна комуникација со дел од наставниот кадар, разменија мислења со дел од учениците, направија увид во условите за престој и учење, во ресурсите и опремата што им се на располагање на учениците. Исто така, идните средношколци се информираа и за предностите и можностите што ги нудат училиштето и електротехничката струка за понатамошно студирање или вработување.