Од вчера заловувачкиот тим на јавното претпријатие „Лајка“ започна со стратегиско заловување кучиња скитници на територија на општината Аеродром.
– Нашиот тим на заловувачи неделава, до 17 март, ќе заловува во општината Аеродром, и тоа во следните реони: Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски Центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче што ќе го сретне во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман – информираат оттаму.
Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче што сакаат да им го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected].