ФОТО:КХС

Во текот на изминатите два дена, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализираше
акција за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и
транспортирани приближно 300  кубни метри претежно кабаст и градежен
отпад.
– Активностите се одвиваа во општината Карпош – во населеното место
Злокуќани, на повеќе локации во општината Ѓорче Петров, како и во
општината Бутел – на улицата Радишанска и во непосредна близина на
пазарчето. Екипите на Претпријатието во текот на минатата ноќ интервенираа и на
улицата Максут Садик во близина на Амбасадата на САД, каде што
континуирано непрописно се одлага отпад на јавни површини – велат од претпријатието.

Оттаму велат дека на посочената локација е отстранета уште една обемна дива депонија, по што е спроведено машинско миење со автоцистерни.