Фото: Маја Јаневска-Илиева

Главниот град Скопје денеска е меѓу десетте најзагадени градови во светот со висок индекс на загадување од 176 според последните податоци на платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-Кју-Ер“.

Скопје моментално се наоѓа на деветто место, а како најголем загадувач се посочуваат ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 91 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честитичките се со концентрација од 94,7 микограми на кубен метар. Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е 18 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација.

Воздухот во Скопје се оценува како нездрав и се препорачува да се избегнува физичка активност на отворено, да се носи заштитна маска на отворено и да не се проветрува во домот.

Најзагадено е во Центар – 201, потоа Кисела Вода – 189, Ново Лисиче -186 и Карпош 4 – 183.

Најзагаден град во светот во моментов е Лахоре во Пакистан. По него на списокот е главниот град на БиХ Сараево, а на третото место е Делхи, Индија.