Фото: Принтскрин

Сигурен сум дека имаме владино мнозинство, рече вечерва премиерот Димитар Ковачевски, oдговорајќи на новинарско прашање на вонредната прес-конференција.

Tој истакна дека не може да ги коментира внатрешните случувања во ДУИ.

Во однос, пак на именувањата на директори што ги прави Градот Скопје, Ковачевски нема, како што напомена, никакво учество.

-Сигурен сум дека имаме владино мнозинство. Не можам да коментирам внатрепартиски случувања во ДУИ, а во однос на именувања што ги прави Градот Скопје, јас немам никакво учество – рече премиерот.