По победата на Тони Коњановски на локалните избори падна и првата оставка во Битола.

Денеска оставка поднесе директорот на ЈКП „Водовод“ Горан Козаров. Козаров четири години со успех го водеше јавното претпријатие Водовод и по неговото доаѓање во Битола почна да се гради новата управна зграда.

Важеше за еден од најдобрите директори на јавните претпријатија во Битола.

Инаку,Козаров беше еден од кандидатите на СДСМ за градоначалник на Битола, но партијата се определи за Христо Кондовски.

М.М.