Во текот на изминатото деноноќие на територија на општина Кичево,за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ковид-19, нема прекршување на полицискиот час. Во истиот период на територија на СВР Охрид од страна на полициски службеници извршени се 28 котроли врз лица во самоизолација во Кичево, во исто време извршени се и 61 контрола врз угостителски и други објекти и таму не се регистрирани неправилности.

На 16 мај околу 13 и 30 часот во Итната медицинска помош во Кичево со повреди е донесен Б.А.( 17) од кичевското село Лешница.

Според зборовите на пријавеното лице, тој во текот на истиот ден во селото бил нападнат од З.М. (21) од истото село и Д.Ј.(16 ) од Кичево. Против напаѓачите ќе биде поднесена содветна пријава-информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Истиот ден на улица „Партизански одреди“ во Кичево, Б.С.(46) од Кичево го нарушил јавниот ред и мир и физички го нападнал Г.Р.(38) од Кичево. Против напаѓачот ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

З.А.