фото: Игор Бансколиев
Во последните три дена се регистрирани 80 нови случаи на ковид-19 од направени 953 тестови. Регистрирани се и 118 оздравени пациенти, како и две починати лица.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена од 14-ти до 16-ти октомври направени се 953 теста, а регистрирани се 80 нови случаи на ковид-19: Скопје – 60, Прилеп – 8, Куманово – 5, Битола, Тетово и Охрид – по 2, Македонски Брод – 1. Од вкупниот број на позитивни (80), регистрирани се 18 реинфекции.
Регистриран e 118 оздравен пациент од: Скопје – 87, Битола – 5, Куманово, Велес и Охрид – по 4, Прилеп – 3, Тетово и Кавадарци – по 2, Штип, Гевгелија, Неготино, Ресен, Берово, Кратово и Крушево – по 1, информираат од Министерството за здравство.
Во текот на изминатите три дена пријавени се две починати лица од Скопје (80г) и Гостивар (70г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, не се пријавени починати лица.
Направени се 953 тест преку: ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-110, ЦЈЗ Битола-19, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–40, Жан Митрев (Филип Втори)-4, Авицена-15, Биотек-40, Систина-7, лабораторија Лаор-7, Синлаб-5, Ремедика-11, Плодност-6, Генеа-4, Никоб Лаб-33, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-7, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-11, ГМ Лаб – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 482.