Експертско мислење во врска со причините за колапсот на мостот во Балтимор, САД

Мостот „Френсис Скот Ки“, кој неодамна се урна откако беше погоден од контејнерскиот брод „МВ Дали“, додека го напушташе пристаништето Балтимор, беше изграден пред да се воспостават најновите стандарди за заштита на мостовите.
Со третиот најдолг континуиран распон на бандажниот мост во светот, од 366 метри, мостот беше дизајниран да го распределува товарот по целата должина, да поврзува подолги растојанија со помалку материјал и на тој начин да создаде поефикасна структура отколку ако трите распони беа независни еден од друг. Но, токму овој критичен дизајн имал мана – ако еден распон се оштети, сите ќе се урнат.
Мостот беше завршен во 1977 година, три години пред уривањето на мостот „Саншајн скајвеј“ во 1980 година, кој го премостуваше заливот Тампа во Флорида, што доведе до нови прописи за заштита на сите нови мостови, вклучувајќи вештачки острови околу столбовите, т.н. делфини, кои всушност претставуваат кружни бариери исполнети со бетон или со песок за да ги пренасочат бродовите и да ја апсорбираат енергијата од евентуален удар.
Сепак, овие прописи не беа применети на постојните мостови и додека некои од нив беа имплементирани до ограничен степен во Балтимор, тие можеби беа недоволни и не беа во можност да се справат со директен судир од модерен товарен брод како „Дали“, кој, патувајќи со брзина од само осум јазли, можел да создаде 1,2 милион џули енергија, сосема доволно да го урне носечкиот столб. Д.Т.З