Во 2024 година, за жал, Македонија втурната во вирот на геополитичките тектонски промени се наоѓа пред искушение: изумирање на македонскиот народ. Иронијата да биде уште поголема, за тоа исклучиво се виновни некои безначајни Македончиња (не заслужуваат ни голема буква М), кои, ете, случајно се нашле на водечките владејачки позиции. Како е можно тоа? Што се случи? Како понатаму? – се прашања што
ги поставува секој од нас
Во 2009 година Македонската академија на науките и уметностите порача: „Затоа и ние, луѓето од науката и уметноста, се залагаме за што побрзо надминување на атавизмите од минатото на патот кон обединета и просперитетна Европа. Апсурдно е на тој заеднички пат да се бара од нас да се откажеме од сопственото многувековно име и од самите себе. Името на Македонија е стварноста на Македонија“. Петнаесетина години подоцна, во 2024 година, за жал, Македонија втурната во вирот на геополитичките тектонски промени, се наоѓа пред искушение: изумирање на македонскиот народ. Иронијата да биде уште поголема, за тоа исклучиво се виновни некои безначајни Македончиња (не заслужуваат ни голема буква М), кои, ете, случајно се нашле на водечките владејачки позиции. Како е тоа можно? Што се случи? Како понатаму? – се прашања што ги поставува секој од нас.
Според д-р Малинка Ристевска Јорданова, една од ретките вистински експерти на полето на евроинтеграциите, инаку шефица на кабинетот на Шекеринска во време кога Македонија го доби статусот на кандидат, пристапот на Владата во изминатите неколку години се карактеризира со две особености: прво, спроведување на тактиката „остварени факти“, што подразбира донесување одлуки пред засегнатите воопшто да се запознаат со нив, соочувајќи ги со единствената опција: нивно прифаќање, и второ, ширење лаги и манипулации за евроинтеграциите. Во рамките на првата особеност, јавноста беше соочена со прифаќање „на заклучоците на Советот, двете позиции на Советот на ЕУ заедно со Преговарачката рамка, Протоколот со Бугарија… Во нив се проголта сѐ и сешто, вклучувајќи ги едностраните изјави за македонскиот јазик, согласноста членството на ЕУ да зависи од завршетокот на работата на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања…
Ама, бидејќи тоа ќе биде таму некаде во 2030 година, тогаш ќе мислиме за тоа“. Од големиот број лаги и манипулации ќе спомнам две: (1) тврдењето дека започнувањето на преговорите или полноправното членство ќе предизвика престанок на миграцијата, всушност, е манипулација: речиси во сите држави од минатиот бран на проширување миграцијата во ЕУ се зголеми по членството; и (2) тврдењето дека „само да почнат преговорите и ќе почнат вистинските реформи, затоа што ЕУ ќе нѐ среди“ е повторно лага, вистината е дека Македонија мора сама да ја заврши работата, ЕУ може само да помогне. За последниот чекор од голготата „започнување преговори“: уставните измени и внесување на Бугарите во Уставот, Ристевска Јорданова ќе рече: „Тие и не беа дел од првобитните бугарски услови, туку се дополнителен услов и влезна точка за остварување на бугарските цели преку преговарачкиот процес“. Повторно, внесувањето на Бугарите во Уставот се манипулира и релативизира: ќе се внесат и Хрватите, и Црногорците, и други…, па затоа Ристевска Јорданова ќе заклучи: „Да, но нивните матични држави не го негираат македонскиот идентитет и ги признаваат Македонците во своите држави. За разлика од нив, Бугарија и натаму отворено го негира македонскиот идентитет“.
Бугарија нема потреба да ги смени своите ненаучни и понижувачки барања: негирање на македонскиот идентитет, македонскиот јазик, македонската историја,…. – разликата во однос на периодот пред и по 2022 година е што по 2022 г. бугарските барања прераснаа во вградени механизми во процесот на пристапување за гаранција на исполнување на бугарските услови, што ќе бидат „основа за Бугарија да бара вградување на веќе вградените услови во сите натамошни чекори од процесот, а ги има многу со новата Методологија“. Внимателно читање на документот на Европската комисија „Извештајот за 2022“ покажува дека (цитат од документот): „Парламентот и Владата се обврзаа да започнат и приоритетно да ги постигнат релевантните уставни измени, со цел во Уставот да се вклучат и граѓаните кои живеат во границите на државата“. Па, затоа, на прашањето: „Дали уставните измени се дел од реформите поврзани со ЕУ?“, Ристевска Јорданова ќе одговори: „Не. Тие се политичко барање, засновано врз нашата согласност, односно преземената обврска за промена на Уставот“.
Што, според моето мислење, значи „да се крене рачна“? Прво, повлекување од потпишаниот билатерален Договор со Бугарија. Второ, да почнеме и тоа да трае најмалку една година, едногласно, сите леви, десни, шарени, еднобојни, во центарот, на периферијата, да говориме за неправедните, понижувачките, нелогичните, бесмислените членови и ставови на договорот со Грција. Трето, департизација на институциите, подобрување на внатрешната кохезија и градење доверба кон Владата и кон ЕУ. Четврто, македонските претставници на билатералниот скрининг да се обврзат на транспарентност: да нема повторно изненадувачки „остварени факти“ и нови „преземени обврски“ за коишто јавноста се запознава откако обврските веќе се преземени
Оттука, прашањето „Што се случи во 2022 година?“ има јасен одговор. Резимирајќи дека бугарските барања прераснаа во „вградени механизми во процесот на пристапување за гаранција на исполнување на бугарските услови“, единствен одговор е: целосен помор на сѐ што е македонско. Македонците од нивните политички лидери очекуваат храброст за заштита на македонските национални интереси и спротивставување на криминалот, не криминогеност и понизност, не продавање и предавање на сѐ што е македонско. Освен пропагандата – лагите и манипулациите дека од денот на започнување на преговорите сѐ ќе цвета: просперитетот на Македонија и македонскиот идентитет се загарантирани – пропаганда вешто водена од нашата Влада и нашите душегрижници – официјалните претставници на ЕУ и државите членки, Македонците изгубија сѐ, но најмногу самопочитта и почитта од другите: нашата Влада зазеде цврст и непоколеблив став – ние не сме Македонци!
Како понатаму? Откако сегашнава Влада и сегашниот претседател на Македонија, исклучиви виновници за безизлезната состојба во која се најдоа Македонците: во ЕУ само како Бугари и никако поинаку, ќе заминат од политичката сцена на Македонија еднаш и засекогаш, одговорот на прашањето, со зборовите на Ристевска Јорданова, е: „Сегашново брзање нема никакво оправдување. Потребни ни се стабилност, сигурност, разум. Има време и простор за сѐ, освен за нови грешки. Единствена итност е да се престане со спиралата на грешки. Ако сакате попластично – време е да се крене „рачна“, за најпрвин да се прекине сегашнава надолна спирала. Да престанат поделбите по сите линии во име на „светлата европска иднина“, да престане разградувањето на институциите. А потоа низ дијалог и внатрешно јакнење, да се постават, и што е најважно – да се спроведат, јасни приоритети, кои реално ќе им служат, пред сѐ, на граѓаните на оваа држава“.
Што, според моето мислење, значи „да се крене рачна“? Прво, повлекување од потпишаниот билатерален Договор со Бугарија. Второ, да почнеме и тоа да трае најмалку една година, едногласно, сите леви, десни, шарени, еднобојни, во центарот, на периферијата, да говориме за неправедните, понижувачките, нелогичните, бесмислените членови и ставови на договорот со Грција. Трето, департизација на институциите, подобрување на внатрешната кохезија и градење доверба кон Владата и кон ЕУ. Четврто, македонските претставници на билатералниот скрининг да се обврзат на транспарентност: да нема повторно изненадувачки „остварени факти“ и нови „преземени обврски“ за коишто јавноста се запознава откако обврските веќе се преземени. Граѓаните на Македонија од другите етникуми треба да разберат дека ние, Македонците, не можеме подолу од тоа каде што сме денес, во спротивно тие, всушност, не се за соживот, туку го поддржуваат разнебитувањето на Македонија, па оттука, слоганот „Македонија – едно општество и едно семејство за сите, сите се граѓани од прв ред“ се трансформира во „Македонија – едно општество без Македонци“.
Во своето пристапно предавање за избор на член на Македонската академија на науките и уметностите, Горан Стефановски ќе порача: „Пред сто години, илинденските херои својата волја за држава ja потврдија со својата автентична и убедлива смрт. Ние денес, нашата волја за оваа држава, мораме да ja потврдиме со нашиот автентичен и убедлив живот. Нивната победа беше во нивниот пораз. Нашата победа мора да биде – во нашата победа“! Нашата победа мора да биде – победа за македонството, а сегашниве владејачки ветрушки да ги дувне ветерот и да заминат од политичката сцена засекогаш! Инаку, ако нив не ги дувне ветерот, најголемата лага изречена во последниве неколку години: „Го зацементиравме македонскиот јазик и идентитет“ од тековниот претседател, опс… грешка: Барон Минхаузен, ќе се трансформира во траурната спротивност: македонскиот јазик постои од 1945 година и е бугарски дијалект.