Папата Франциск изјави дека Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви, со цел сите цркви, вклучувајќи ги и православните, протестантските и други, да го слават Велигден во ист ден, а со тоа да се зајакне единството меѓу верниците.
– Еден датум за Велигден. Католичката црква е подготвена да го прифати датумот за Велигден заради единство. Ова е година на благодатта, можност за сите христијани што веруваат во ист Бог повторно да ги откријат заедничките корени на верата. Единството што сите сакаме да се случи – порача папата.
Оваа година Велигден ќе се слави на ист ден во годината кога се одбележува годишнината од Никејскиот собор.
– Го обновувам мојот повик оваа случајност да биде потсетник за сите христијани да направат одлучувачки чекор кон единството, околу заеднички датум за Велигден – рече папата Франциск. Р.С.