Фото: Маја Јаневска Илиева

Премиерот го образложи предлогот за именување на министри

Премиерот Џафери пред пратениците го образложи предлогот за именување на актуелниот директор на клиничката болница во Тетово, Илир Демири, за министер за здравство, односно на Наим Бајрами за министер за информатичко општество и администрација, во обраќањето на денешната собраниска седница. Тој нагласи дека делата на двајцата кандидати зборуваат за нивната личност.

– Предлогот да биде избран Демири, нема потреба за претставување. Скоро секој од нас имал прилика да помине во Инфективната клиника, лично или преку член на семејството. Секој од нас, кои доаѓаме од Полог, сме имале прилика да го гледаме во работата при водење на клиничката болница во Тетово. Делото си зборува само по себе за личноста. За Бајрами, магистер по информатичка технологија, тој секако е млад човек кој што треба да добие прилика да се докаже и покаже во струката и во тој контекст нема причина да се додава нешто, во однос на биографијата што ја достави до пратениците. Нивните дела, особено на кандидатот за министер за здравство, зборуваат сами по себе – истакна Џафери пред пратениците.