Фото: Принтскрин

Погледнете ја трансформацијата на салата „Борис Трајковски“. Подготвени сме за одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ, објави Бујар Османи, министер за надворешни работи.
-Чест ми е што имаме можност да го организираме еден од најголемите настани што некогаш е направен во земјава. Северна Македонија изминатава година како претседавач на најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ покажа дека има голем капацитет да се носи со сите предизвици, рамо до рамо со најразвиените земји во Европа! – напиша Османи.