Фото: Филозофски факултат Скопје/фејсбук

Почина почитуваната професорка, проф. д-р Олга Пешевска Заревска. Како една од највлијателните, најпосветените и најинспиративните личности од редот на средношколските професори по филозофија во нашата земја и пионер во сферата на методиката на наставата по филозофија како универзитетски професор на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Таа остави зад себе исклучително драгоцено интелектуално и педагошко наследство.

Многубројните генерации нејзини ученици и студенти засекогаш ќе ја паметат како извонреден човек и професор, продолжувајќи ја нејзината педагошка мисија во сопствената филозофска дејност.

Погребот на проф. д-р Олга Пешевска Заревска ќе се одржи утре (понеделник) 6. 11. 2023 г. на Градските гробишта Бутел во Скопје во 12 часот.