Фото: Макфакс

Ноќеска на 72 години, по кусо боледување почина легендарниот музичар Ферус Мустафов.

Мустафов ќе биде погребан во Штип, каде е роден и каде последните години живеел со семејството.

Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет.

Мустафов беше многу популарен во земјава и пошироко на Балканот поради неговиот репертоар на балканска народна и ромска свадбена музика. Има издадено над 20 албуми и безброј самостојни концерти во земјава и во светот, но и настапи на светски музички фестивали, каде често свирел и со славни џез музичари, со кои соработувал и на албуми.