Фото: Архива/Маја Јаневска-Илиева

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсите за доделување на стипендии за ученици од средните стручни училишта за учебната 2022-2023.

– Средношколците кои се стекнаа со правото на користење ученичка стипендија треба да испечатат и пополнат три примероци од договорот за соодветната стипендија (договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, од 2.1.2023 до 16.1.2023 година, да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје) – се наведува во соопштението.

Одбиените кандидати пак, како што информираат, ќе имаат можност за приговор од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

– Решенијата и за прифатените и за одбиените апликации се изработуваат во моментов и ќе бидат испорачани во следните денови – додаваат од МОН.