Министерството за надворешни работи уште еднаш остро реагираше со осуда за изјавите на европратеникот Џамбаски за што по дипломатски пат го известува и Министерството за надворешни работи на Бугарија, информираат од МНР.
-Во овој случај, Министерството ќе препорача и на Претседателот да реагира соодветно до својот колега, претседателот Радев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано и од Претседателот на Европскиот парламент. Заканите, изјавите за закани, најавите се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи, очекуваме тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава – стои во информацијата од МНР.
МВР најавува одговор по заканите за безбедноста, Џамбаски со закана за атентат врз Пендаровски