Точно напладне, матурантите од шест соседни земји на скопскиот плоштад „Македонија“ го одиграа познатиот танц квадрил во рамки на годинешната манифестација „Матурската парада“.
Оваа година на „Матурската парада“ учествуваа матуранти од Словенија, Србија, Словачка, Македонија, Црна Гора и Унгарија со педесетина градови.
На „Матурската парада“ учествуваа матуранти од Скопје, Гевгелија, Охрид и Струга. Скопје го претставуваа матуранти од Васил Антевски-Дрен, Владо Тасевски, Михајло Пупин, Раде Јовчевски-Корчагин, Здравко Цветковски, Димитар Влахов, Арсени Јовков, Браќа Миладиновци, Кочо Рацин, Шаип Јусуф, Георги Димитров, Панче Караѓозов, Јосип Броз Тито, МБУЦ Илија Николовски-Луј.
Организатор на „Матурската парада“ е Дирекција за култура и уметност на Скопје во соработка со Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“. Покровител на манифестацијата е Град Скопје.