ФОТО: МИФ

Меморандум за разбирање во областа на дигитализација и информатичка безбедност, денеска во Скопје потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и неговиот црногорски колега, министерот за јавна администрација Мараш Дукај.

Министерот Алиу на прес-конференцијата по потпишувањето на документот истакна дека на средбата разговарале за можностите за сосработка, а воедно информирал за нашите активностите поврзани со дигитална трансформација на земјата, како и за Агенцијата за дигитална трансформација и можностите за заедничко аплицирање со проекти во Програмата „Дигитална Европа“, во која и двете земји се членки.

-Како две земји коишто имаме многу заеднички и предизвици и можности за соработка, разговаравме како тоа може да биде реализирано на оптимално ниво и во реално време за да си помогнеме за дитигалната трансформација. Дигиталната трансформација нема граници и таа интероперабилност и можностите за соработка помеѓу земјите е многу битна, како за граѓаните така и за економијата. Од тој аспкет имаме многу заеднички точки двете земји да работиме заедно, да аплицираме заедно на Дигитална Европа-  рече Алиу.

Тој при тоа подвлече дека системот за онлајн плаќање – Пејпал е една од можностите каде што нашите граѓани, нашата економија е многу заинтересирана.

-Се договоривме да креираме работни групи помеѓу нашите две земји за да можеме заедно да аплицираме на пејпал и да можеме да имаме освен одлив и прилив со таа инфраструктура, подвлече Алиу.

Црногорскиот министер Дукај нагласи дека само преку конкретна соработка и со заеднички сили може да се забрза дигиталната трансформација.

-Ние само со заеднички сили можеме да им бидеме конкуренција на сериозните земји. И тоа што се однесува на Дигиталната Европа и Пејпал е сериозна приказна за која се зборува одамна и мислам дека оваа идеја ќе успее. Самостојно не успеавме, за тоа се обидоа и претходните министри, но не успеаја. Идејата е заеднички да работиме бидејќи само на тој начин можеме да успееме во дигитализација. Тоа е процес кој не застанува и засега многу граѓани и претпријатија и што побрзо треба да сфатиме дека тоа мораме да го имплементираме,

Министерот Дукај нагласи при тоа дека паралелно со дигитализацијата важна е и сајбер безбедноста како еден од најголемиот предизвик на денешнината.

-Ние во Црна Гора започнавме со сериозен чекор кон тоа и еден од тие чекори е и формирањето на Регионален центар кој веќе почна со обука не само на луѓето, односно експертите од Црна Гора, туку и во регионот и тој центар јас сум сигурен дека ќе биде сериозна институција која ќе произведува кадри кои ни се потребни. Ние имаме многу проблеми, а сигурно и вие и сериозни земји, за кадри кои се ИТ-експерти, рече црногорскиот министер.

На средбата двајцата министри зборувале и за реформата на јавната администрација. Дукај при тоа истакна дека оваа реформа е еден од столбовите за секоја држава и изрази уверување дека двете земји же соработуваат и во тој процес.