Премиерот Димитар Ковачевски најави дека во Благоевград ќе биде отворен културен центар, за чие име, како што рече ќе се консултира со Институтот за историја, а за ова, во следниот период ќе разговара и со премиерот на Бугарија, Кирил Петков.
-Планирам директно да го информирам премиерот Петков, дека во наредниот период планираме да отвориме нов културен центар во Бугарија, а името ќе го одредиме во координација со нашиот Институт за историја и почитувана Мизрахи, ќе ве повикам да дојдете со мене на отворањето – рече Ковачевски, одговарајќи на пратеничко прашање на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, за тоа зошто во земјава има здружение со името на „Ванчо Михајлов“.