Со викенд-изданието на „Нова Македонија“ читателите ќе ја добијат книгата „Каде одиш Македонијо“ на авторот Симон Кисковски.

На триесеттина страници, авторот Кисковски, како врвен интелектуалец, филозоф, претприемач, информатичар, но пред се како патриот, дава кус пресек за македонската историја, но тежишниот осврт е на прашањата што се од суштинско значење за развојот на Македонија, при што дава мислење, идеи и иницијативи за исчекор кон националниот просперитет и благосостојба.