Фото: Пиксабеј

Автор: Прим. д-р Златко Савоски, интернист
Метаболен синдром претставува низа на метаболни абнормалности, за кои се смета дека го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и дијабетес.
Главни обелжја на метаболниот синдром се: дијабетес мелитус топ 2, покачен крвен притисок, дислипидемија, дебелина…
Најприфатена хипотеза за механизмите на метаболниот синдром е инсулинската резистенција, отпорност кон метаболните ефекти на инсулинот, состојба при која нормалната вредност на инсулинот во телото предизвикува абнормален биолошки одговор-зголемената концентрација на циркулирачки масни киселини е тригер за развој на инсулинска резистенција.
Европа има највисока преваленца на висок холестерол во светот:.
Овој голем процент е од клучна важност како ризик фактор за понатамошен развој на кардиоваскуларна болест.
Метаболниот синдром не дава симптоми, но на физички преглед се нотираат дебелината и/или хипертензијата. Присуството на овие знаци го наведува клиничарот да направи лабораториски испитувања, кои ке ги дадат и останатите компоненти на синдромот. Испитувањата на гликемија, масти, мерење на крвен притисок и обем на струк го докажуваат присуството на овој синдром.
Покрај лековите за покачени нивоа на гликемија, крвен притисок, огромна улога во метаболниот синдром играат и статините.
Статините ја намалуваат инциденцата од големи коронарни настани, коронарни реваскуларизации и исхемичен мозочен удар.
„Росувастатинот“ кој е на пазарот од 2005 година е прифатлив и поефикасен од другите статини во намалување на LDL холестеролот и триглицеридите, а го намалува вкупниот холестерол и го покачува HDL-C. Брзо ги постигнува целните вредности, прави регресија на атеросклеротичната плака. Поволен е кај пациенти кои примаат многу лекови, има добар метаболен профил, нема интереакции, го намалува ЦРП, се дозира еднаш на ден во било кој период на денот, со или без храна што овозможува добра комплијанса на пациентите.