Од Е-112 во ЦУК е добиена пријава за исчезнато лице Трпкоски Кирил на 80 годишна возраст со адреса на живеење улица Маршал Тито број 417.

Од ЦУК информираат дека лицето го напуштило својот дом во селото Лазаровци, Општина Кичево, во 07:00 часот и последен пат е виден во црквата во селото.
– Се работи за изразито висок и слаб човек кој на себе има облечено сива блуза и темни пантолони – велат од ЦУК.