Само во саботата на територијата на земјава се случиле четири сообраќајни несреќи во кои учествувале мотоцикли, а билансот е четворица повредени возачи и една сопатничка.
Првата несреќа се случила во 13.37 часот кога било пријавено дека на патот Прилеп – Ресен спроти автоплац се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А. (51) од с. Братин Дол, Битолско, и мотоцикл „хонда“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Џ.Ф. (25) од с. Биџево, Струшко. Во несреќата мотоциклистот добил тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.
Во 15.20 часот било пријавено дека на крстосницата од ул. Карпошева со ул. Крсте Мисирков во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со кочански регистарски ознаки, управуван од П.А. (29) од Кочани, и товарно моторно возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.П. (61) од Свети Николе. Во несреќата тешки телесни повреди добиле мотоциклистот и сопатничката Т.С. (20) од Кочани констатирани во ЈЗУ во Свети Николе.
Нешто подоцна, односно во 17.25 часот, било пријавено дека на регионалниот пат Градско – Велес, во близината кај крстосница за с. Црквино, мотоцикл „бмв“ со српски национални ознаки управуван од Б.М. (55) од Р Србија излетал надвор од коловозот. Во несреќата, мотоциклистот добил тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Велес.
Во 18 часот, пак, било пријавено дека на патот Миладиновци – Штип кај клучка Север – Свети Николе, мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ј.С. (54) од Тетово, излетал надвор од коловозот. Во несреќата мотоциклистот добил тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Штип.