Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на 17 март привремено одзело четири патнички моторни возила: „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“ поради учество во т.н. „диви“ трки на бул. „Трета македонска бригада“ во Скопје.
-По дополнително преземени мерки и извршени проверки во станица за технички преглед, две од овие возила се привремено одземени по член 344 став 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај во времетраење од 90 дена, односно затоа што создавале голема бучава – соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Исто така, против двајца возачи на другите две патнички моторни возила се поднесени прекршочни платни налози за техничка исправност и вградени фолии.