Полицијата, војската, нуркачки тимови и доброволци се меѓу екипите кои учествуваат во пронаоѓање на тројцата косовски државјани кои со автомобил излетаа во реката Лепенец по сообраќајна несреќа, пренесува „Макфакс“. Во близина на скопското село Орман, на автопатот кој води до граничниот премин Блаце, насобрани се припадници на службите кои трагаат по исчезнатите. Засега, нема траг од ниту еден од косовските државјани.
Местото е обележано со полициска лента. Освен нуркачки екипи, во потрагата вклучени се и дронови. Акцијата за пронаоѓање трае скоро 24 часа. Потрагата ја усложнуваат и надојдените води во Лепенец, по обилните врнежи од претходните денови.
Во тешки услови се трага по исчезнатите во Лепенец, реката е длабока и брза
Момчето на возраст од 21 година, кое било во автомобилот, а е спасено, е во добра здравствена состојба. Тој нема скршеници, но е во шок по несреќата. Сместен е во болницата „8 Септември“, каде ќе биде задржан на испитувања.
Претходно, МВР соопшти детали за несреќата. Станува збор за лица кои исчезнаа при вчерашната сообраќајна несреќа, кога возило со косовски регистарски таблички падна во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце.
Меѓу лицата кои со автомобил паднаа во Лепенец има малолетник, уапсен возачот на другото возило