Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од Република Турција за сторено кривично дело обид за убиство по член 123 став 1, во врска со член 19 од Кривичниот закон, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Како што соопшти МВР, на 10.05.2025 околу 04 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода У.Х., затоа што околу 01.30 часот физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди на А.С.(34) од Турција, кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.