Фото: Архива

Прегазен е 72-годишен жител на селото Ново Коњарево, откако во него удрил автомобил „фолксфаген голф“ со бугарски регистарски таблички управуван од државјанин на Бугарија, во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 17 часот.

Несреќата се случила на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“ на македонско-бугарската граница, на делницата што поминува низ селото Ново Коњарево, на неколку стотина метри до преминот.

Според информациите од СВР Струмица прегазениот старец починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар.

Увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, а поради сообраќајната несреќа овој патен правец синоќа беше затворен повеќе од 3 часа. =