Во СВР Битола, Н.С. од битолското село Карамани вчера пријавил дека во нива во атарот на селото пронашол две стари минофрлачки гранати од Првата светска војна калибар 75 мм. Гранатите се безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. Увид извршила екипа од СВР Битола.