Притвор за цариниците и полицајците кои денеска беа уапсени во голема полициска акција, за шверц на дрога.

– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка денеска беа спроведени 9 лица осомничени – дел за кривичното дело Криумчарење, а дел за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
По произнесување на надлежниот јавен обвинител и осомничените во присуство на нивните бранители во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на 8 од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на еден од осомничените му определи мерка притвор во траење од 8 дена со оглед да против истиот е поднесен предлог во скратена постака. Според решенијата за опредлеување мерка притвор, судот сметал дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т 1. 2. и 3. од ЗКП односно дека кај осомничените постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да ја попречат истарагата и опасност да го повторат делото – се наведува во соопштението.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.