Дваесет и три годишниот Петар од Охрид се бори со неговата ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Неговата мајка Гордана, којашто е самохрана мајка, упатува апел за помош.
– Од негови три месеци талкаме по болници како кај нас така и во странство. На негови 12 години се откри од која болест боледува мојот син Петар во Хајделберг Германија. Но веќе беше касно целосно да оздраве само со лекот што го зема за неговата болест. Потребно е да се отстранат последиците и да оди на интензивна физикална и роботска терапија. Се појавија многу последици како Сколиоза, која пред една година, благодарение на хуманите луѓе, беше опериран. Но денеска се соочуваме со уште еден предизвик, уште една последица од неговата ретка болест. Потребни се две операции на зглобовите поради болка и деформитет, кои мора да се направат во Истанбул кај познатиот професор Чагатај Озтург во „Лив Хоспитал“. Затоа ве молам доколку знаете што значи борбата и љубовта на една мајка за своето дете да го застане на нозе,да ми помогнете колку можете. Ви благодарам од срце – пишува неговата мајка Гордана.
Број на Трансакциска сметка: 270-7000821760.21
Гордана Попоска
HALKBANK IBAN: MK07270700082176215
SWIFT: EXPCMK22
Броеви за донации: А1 / 143- 470 и T-моб / 143-173
Линк за странство е: https://gofund.me/fb7d2132